Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2025 година се повисоки за 3,4%, објави Државниот завод за статистика.
Според овие податоци во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, угостителите ги зголемиле цените на храната за 0,3 %, а на алкохолните пијалаци за 0,2 %. Цената на безалкохолните пијалаци и ноќевањата останале исти како и во декември лани.
На годишна основа (јануари 2026 – јануари 2025 година) цените на угостителските услуги најмногу поскапеле кај алкохолните пијалаци за 9,1%, потоа кај храната пораснале за 7,8%, и кај безалкохолните пијалаци за 5,3%.
За една година угостителите ги намалиле цените на ноќевањата за 12,3%.
Во 2025 година, пак, во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4.8 %.