Македонија

СЕММ повикува на одговорно известување за протестите поврзани со „Safe City“

Советот за етика во медиумите потсетува дека протестите и чувствителните теми бараат сеопфатен контекст, внимателен јазик и избегнување генерализации што можат да поттикнат поларизација

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) упати јавен апел до медиумите за одговорно и избалансирано известување во врска со протестите што следеа по стапувањето во сила на системот за контрола на сообраќајот „Safe City“.

Од СЕММ посочуваат дека при известување за протести, особено кога тие се поврзани со маргинализирани заедници или со барања што можат да бидат спротивни на закон или да ја загрозат јавната безбедност, неопходно е да се прикаже пошироката слика. Наместо сведување на настаните на изолирани инциденти, медиумите имаат одговорност да понудат контекст што ќе ѝ овозможи на јавноста да ја разбере комплексноста на ситуацијата.

Воздржаноста, како што наведуваат од Советот, претставува морален императив во новинарската професија, но таа сама по себе не е доволна. Новинарите и уредниците треба јасно да ги идентификуваат и именуваат неприфатливите појави, притоа внимавајќи тоа да не се претвори во колективна осуда, стигматизација или поедноставен наратив што ги брише индивидуалните одговорности.

СЕММ предупредува дека отстапувањето од професионалните стандарди преку сензационалистички наслови, редукционистички интерпретации или прекумерно нагласување на идентитетски обележја може дополнително да го зголеми ризикот од поларизација и ширење говор на омраза. Таквите пристапи, дури и кога не се намерни, го менуваат начинот на кој темата се чита и коментира во јавноста и можат да придонесат кон легитимирање на стигматизацијата.

Затоа, од Советот нагласуваат дека изборот на наслови, формулации и визуелни материјали мора да биде особено внимателен, особено кога станува збор за теми за кои однапред е јасно дека можат да предизвикаат силни и поделени реакции.

Целта на ваквиот пристап, посочуваат од СЕММ, не е релативизирање на законите или оправдување на спорни барања, туку обезбедување јавна расправа што ќе остане насочена кон решенија, одговорност и јавен интерес, наместо кон продлабочување на општествените поделби.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top