Македонија

Д-р Чибишев: Ова со марихуаната е невиден криминал, категорично бев против легализацијата и сум бил во право!

Изјава на 9 септември 2015 година

Во 2015 година кога се праваше притисок за легализирање на марихуаната, односно маслото од канабис, и кога дел од јавноста сметаше дека тоа е можеби спасоносно решение за болните од рак, што се покажа како нетоично, експерти предупредуваа дека тоа не треба да се стори.

Така, д-р Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија, на  9 септември 2015 година, изјави:

„Употребата на маслото од канабис секако дека има позитивни страни, но како токсиколог мојот личен став е негативен. Од искуството со зависниците од дроги што го имам на Клиниката за токсикологија, најодговорно тврдам дека најголем дел од зависниците од хероин или други тешки дроги, прво почнале со употреба на марихуаната, па потоа поминале на потешки дроги. Второ, сметам дека во моментов државата нема да може докрај квалитетно да го контролира увозот и производството на маслото од канабис и сметам дека ако сега се легализира, ќе има повеќе злоупотреба, отколку корист”, истакна д-р Чибишев во изјава која тогаш ја објавува „Гласот на Америка“ на македонски јазик.

Денеска, тој потсетува на оваа негова изјава и за МИА додава:

-Тогаш, категорично бев против легализација на марихуаната и предупредував дека ние како општество не сме во состојба тоа да го менаџираме. По 10 години се покажува дека сум во право. Невиден криминал! – вели токсикологот д-р Чибишев.

Најнови вести од: Македонија

Меџити: Разочарувачка е и длабоко неправедна пресудата во Хаг за нашите водачи-командантите на косовската УЧК!

„Денешната пресуда во Хаг во врска со водачите на УЧК е разочарувачка и длабоко неправедна за народот на Косово и за целиот наш народ! УЧК на Косово водеше чиста, одбранбена и праведна војна за слобода, независност и достоинство.“ – со оваа реакција се огласи денес сопретседателот на партијата Вреди Изет Меџити во објавата на фејсбук.

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

To top