Македонија

Мицкоски: Владата го исполни ветеното

Како најголем работодавач си ги регулиравме обврските, вли премиерот

 

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека протестите организирани од Сојузот на синдикати се политички инструирани. Тој кажа и дека Владата како најголем работодавач си ги регулирала своите обврски, алудирајќи на постигнатиот договор за раст на платите во администрацијата.

„ Ние кажавме дека ќе го поддржиме секое решение што ќе го постигнат работодавачите и Синдикатот.

Но,  политички инструирани самоводачи нема да поддржиме – рече Мицкоски во врска со днешната блокада на Собранието од страна на ССМ.

Тој посочи дека еден од тие што протестирале, пред некој ден заедно со него држел прес-конференција и посочил дека е постигнат историски договор.

Прес-конференцијата се однесуваше на договорот со Владата за околу 11.000 административни работници кои не беа покриени со никаков гранков договор и за нив се договори постепено зголемување на платите до 2028 година за 40 проценти.

Денешниот протест, пак беше за зголемување на минималната отплата и на сите други плати соодветно.

Најнови вести од: Македонија

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“

Министерството посочува дека претставниците на семејствата на средбата изразиле благодарност за приемот и за појаснувањето на чекорите што треба да следат, со договор по завршување на законската процедура повторно да се воспостави комуникација за обезбедување на потребните средства.

To top