Македонија

Мицкоски најави нови апсења : До пред 4-5 години битанги, бараби и банди, хараа низ Македонија

Тој го повтори својот став дека одгледаната марихуана не може да се искористи за производство на масло од канабис со соодветен квалитет што би можело да се пласира на легален пазар.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека неколку правни субјекти се наоѓаат под постојан надзор во рамките на активностите поврзани со производството и контролата на канабис, нагласувајќи дека очекува да бидат откриени уште значителни количини марихуана.

Тој го повтори својот став дека одгледаната марихуана не може да се искористи за производство на масло од канабис со соодветен квалитет што би можело да се пласира на легален пазар.

„Неколку други правни субјекти се под постојан надзор. Не случајно кажав дека неколку десетици тони ќе бидат откриени и дека може до сто тона да дојдеме“, рече Мицкоски, додавајќи дека лицата кои се занимавале со незаконити влијанија веќе се процесуирани и се наоѓаат зад решетки, а најави дека ќе следуваат и нови постапки.

„Оние битанги кои се занимаваат со овие незаконити дејствија, најголемиот дел веќе се зад решетки. Има уште некои кои ќе се најдат таму. Работата со криминалот е неисплатлива професија и ќе биде жестоко санкционирана. И нема да има пардон додека јас ја предводам владата. Знаете до пред 4-5 години какви битанги и бараби, и банди, хараа низ Скопје и низ Македонија, фала му на Бога сега тоа го нема и тие се таму кај што се“, истакна премиерот.

На прашањето дали ќе се реактивира меѓуресорското тело за контрола на дроги, кое било формирано и функционирало до 2017 година, Мицкоски не даде директен одговор, но нагласи дека борбата против организираниот криминал поврзан со наркотици ќе продолжи без компромиси.

Оваа изјава доаѓа во контекст на тековните полициски акции за откривање и заплена на големи количества марихуана, вклучително и рекордната заплена од над 27 тони во февруари 2026 година, поврзана со компанијата „Алфафарм ДОО Скопје“ и транснационален шверц преку Србија.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

Авионските билети поскапуваат за околу 100 евра

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт. Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на летови во Европа, соопшти T&E.

(Фото): Секој четврти осигуреник не остварува приходи, што тука прави државата?!

Лицата што минатата година имале под 293.000 денари приходи, кои во последните два месеци имале помалку од 48.000 денари, да добијат бесплатно здравствено осигурување, а лицата што имале повисоки приходи од овие да плаќаат придонес на основицата 50 отсто од просечната плата, а тоа е 2.593 денари месечно, да добијат здравствено осигурување.

To top