Спорт

Македонија не е аутсајдер против Шкотска, Швајцарија и Словенија во Лигата на нациите, смета Седлоски

Македонскиот селектор верува дека неговите избраници можат да одговорат на предизвикот во дебито во дивизијата Б

Во своето деби во Б-дивизијата на Лигата на нациите фудбалската репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со Шкотска, Швајцарија и Словенија во групата 1, ривали против кои селекторот Гоце Седлоски смета дека неговите избраници нема да влезат како аутсајдери.

„Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот.

Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот“, изјави Седлоски за вебстраницата на Фудбалската федерација на Македонија.

Денешната ждрепка во групата 2 ги смести Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска, во групата 3 се најдоа Израел, Австрија, Република Ирска и Косово, а во групата 4 Полска, Босна и Херцеговина, Романија и Шведска.

Натпреварите ќе се одиграат меѓу 24 септември и 17 ноември

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Колку „вредат“ олимписките медали? Цената на бронзениот ќе ве насмее

Олимписките златни медали веќе повеќе од еден век не се изработени од чисто злато. Последниот целосно златен медал (24-каратен) е доделен на Олимписките игри во Стокхолм во 1912 година, според податоците на Меѓународниот олимписки комитет.

To top