Бизнис

САД собрале трипати повеќе пари од царини откога Трамп ги зголеми

Американската влада објави дека приходите од царини се за 304 отсто повисоки отколку во истиот период минатата година

Владата на Соединетите Американски Држави објави дека приходите од царини се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што доведе и до намалување на буџетскиот дефицит.

Само во јануари преку царини се собрани вкупно 30 милијарди долари, а од почетокот на фискалната година 124 милијарди долари, објави Си-Ен-Би-Си.

Владата, исто така, соопшти дека има помал буџетски дефицит отколку пред една година, што имплицира дека повисоките царини помогнале.

Дефицитот во четвртиот месец од фискалната година изнесуваше околу 95 милијарди долари, што е намалување за околу 26 проценти во однос на истиот период минатата година, објави Министерството за финансии.

Од почетокот на годината тоа го сведе федералниот дефицит на 697 милијарди долари, што е намалување за 17 проценти во однос на истиот период во фискалната 2025 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат воведе царини во април 2025 година, со општа стапка за сите стоки и услуги што влегуваат во САД, заедно со серија таканаречени реципрочни царини за поединечни земји.

Оттогаш, Белата куќа преговара со своите трговски партнери, а воедно се откажува од некои од поагресивните царини.

Минатиот ноември, Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи со кои се оспоруваше основата врз која Трамп ги оправдуваше царините.

Иако се очекуваше во јануари, Врховниот суд сè уште не пресуди, а во Белата куќа постои загриженост дека негативната пресуда би можела да ги принуди САД да ги вратат царините што веќе ги вовеле.

Најнови вести од: Бизнис

Макстил најавува планирани промени во управувањето по промените на ниво на групацијата

Марија Дуковска-Павловска започнува ново професионално поглавје, а Иван Бановски е предложен повторно да го преземе раководењето со компанијата. Предвиден е шестмесечен транзициски период за обезбедување континуитет во управувањето

Потребен е национален дата-центар, велат од Владата

Македонија мора да изгради национален дата-центар за да ја обезбеди стабилноста на дигиталните услуги и да го следи развојот на вештачката интелигенција, е заклучокот на панел-дискусијата „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“.

(Видео): ДПИ открива скандал со брзите кредити, од Владата со реакција за големата сума пари

ДПИ за првпат спроведе сеопфатен и неселективен инспекциски надзор кај сите 27 финансиски друштва кои поседуваат лиценца за работа од Министерството за финансии, при што утврди сериозни прекршувања на правата на потрошувачите и донесе решенија со кои овие друштва се обврзуваат да им вратат на граѓаните незаконски наплатени средства во вкупен износ од над 140 милиони денари, соопшти директорот Влатко Стојкоски.

To top