Регион

Ѓорѓе Иванов: Образованието на македонски јазик е клучен столб за зачувување на националниот идентитет

На јубилејот од 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, екс-претседателот Иванов рече дека станува збор за историски втемелена приказна на истрајност, работа и достоинство, преку која македонската заедница оставила длабока трага во општествениот и културниот живот на средините во кои живее

Во Нови Сад синоќа Националниот совет на македонското национално малцинство во Србијаја претстави Стратегијата за работа за периодот 2026 – 2031 година – план  за работа за унапредување на културата, образованието, службената употреба на македонскиот јазик и писмо, како и информирање и медиумска видливост. Во исто време таа дава насоки и за зголемена институционална застапеност на македонската заедница во Србија.

Стратегијата ја претставија Зорица Митровиќ, претседателка на Македонскиот национален совет и Марјан Јованоски, секретар на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија.

Според податоците презентирани при претставувањето на Стратегијата беше наведено дека бројот на Македонци во Србија, според пописот од 2002 година, бил 25.847, додека на пописот во 2022 година таа цифра е 14.767 лица. Со македонски мајчин јазик се изјасниле 14.355 во 2002 година, додека со пописот од 2022 година таа бројка е 8.375 лица. Најголема застапеност на Македонци има во АП Војводина, но и голем број се во Белград и други делови од Србија, особено во јужниот дел од таа држава, објави „Независен“

На настанот псрисуствоваше и поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов.

Во своето обраќање, претседателот Иванов го нагласи значењето на образованието на македонски јазик како клучен столб за зачувување на националниот идентитет, посочувајќи дека „преку можноста младите да учат и да се изразуваат на својот мајчин јазик, не се пренесува само знаење, туку и чувство на припадност, достоинство и самосвест“. Тој особено ја истакна потребата од активна вклученост на младите генерации во институционалниот и општествениот живот на заедницата, оценувајќи дека нивната енергија, визија и лидерство се двигател на нејзиниот понатамошен развој.

Осврнувајќи се на јубилејот од 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов посочи дека станува збор за историски втемелена приказна на истрајност, работа и достоинство, преку која македонската заедница оставила длабока трага во општествениот и културниот живот на средините во кои живее. Во таа насока, тој упати искрена благодарност за поддршката што ја даваат властите во Република Србија и Војводина оценувајќи ја како силна порака на почит и вреднување на македонската заедница во Србија.

Во говорот Иванов ја потенцираше улогата на македонската заедница во Република Србија, како и на српската заедница во Република Македонија, кои претставуваат жив мост на пријателство, разбирање и соработка меѓу двете држави, со посебно значење на културната, општествената и дипломатската соработка.

На промоцијата присуствуваа министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог на Србија, Демо Берища, македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, покраинската омбудсманка Драгана Ќориќ, директорот на Архивот на Војводина Небојша Кузмановиќ, како и претставници на Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални малцинства, претставници на Македонскиот национален совет и на македонската заедница во Република Србија.

Целите и програмските определби на Стратегијата детално ги образложија претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, и секретарот Марјан Јованоски, кои се осврнаа на клучните приоритети, мерки и активности предвидени за наредниот период, по што со свои обраќања се обратија и амбасадорот Тупанчески, ресорниот министер Бериша, како и домаќинот на настанот, директорот на Архивот на Војводина Кузмановиќ.

За време на настанот, Претседателот Иванов оствари кратки средби со присутните претставници на државната власт на Република Србија, како и со претставници на покраинската власт на Војводина. Посебно значајни беа средбите со претставниците на македонската заедница во Војводина и со претседателството на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија, на кои беше изразена заедничка подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и поддршката на активностите од интерес за македонската заедница, објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Регион

Хрватска забранува продажба на алкохол по 20 часот – Општините воведуваат целосна забрана

Хрватска најавува измени на Законот за трговија, со кои на локалните самоуправи, односно на туристички дестинации ќе им даде законска можност да ја забранат продажбата на сите алкохолни пијалоци по 20 часот пред следната летна сезона.

Белгиската полиција изврши претрес во Европската комисија: Истрага за продажба на згради, вредни 900 милиони евра!

Белгиската полиција изврши претрес во неколку простории на Европската комисија во Брисел како дел од истрагата за можни неправилности при продажбата на недвижности во сопственост на ЕУ во 2024 година, објави „Фајненшл тајмс“.

„Курир.рс“: „Кавачкиот клан“ подготвувал атентати врз високи државни функционери во Србија?! – Откриено огромно количество експлозив, оружје и кокаин!

Тројца членови на „Кавачкиот клан“, кои беа уапсени синоќа во Белград со огромна количина кокаин, оружје и експлозиви, се осомничени за планирање атентати врз високи државни функционери во Србија, објави српскиот информативен портал „Курир“.

To top