Хроника

Како Бојко Борисов го објасни Велигден (ВИДЕО)

Без разлика на реакциите, едно е сигурно – Бојко Борисов и овој пат успеа да го направи најсветлиот христијански празник малку посмешен и поприземен во очите на јавноста.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, за време на расправа за гласање недоверба во бугарскиот парламент (минатата Среда) им објаснил на новинарите зошто Велигден му е најубавиот празник.

Со својствен хумор и народски стил, Борисов го опишал страдањето на Исус Христос – трње на главата, пирони во рацете, носење на крстот и предавството на сите околу него – а потоа додал дека „изеднаш се појавил одозгора и рекол: Ту-тууу“.

Инаку, патријархот Даниил подоцна коментираше дека Борисов „не е богослов“, но дека таквите изјави покажуваат дека во Бугарија сè уште има потреба од подобро вероучение и воведување на предмет „Религија и православие“ во училиштата.

Без разлика на реакциите, едно е сигурно – Бојко Борисов и овој пат успеа да го направи најсветлиот христијански празник малку посмешен и поприземен во очите на јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Expres (@expres_mk)

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top