Свет

Се затвора симболот на Дубаи поради реконструкција (ВИДЕО)

Симболот на Дубаи, луксузниот хотел „Бурџ Ал Араб“ во облик на едро, ќе биде затворен за обнова која ќе трае околу 18 месеци.

Симболот на Дубаи, луксузниот хотел „Бурџ Ал Араб“ во облик на едро, ќе биде затворен за обнова која ќе трае околу 18 месеци. Станува збор за прва голема реконструкција од отворањето на хотелот во 1999 година.

Член на персоналот на хотелот изјавил дека работите ќе се изведуваат во фази под водство на познатиот париски архитект на ентериери, Тристан Оер. Сопственикот, хотелската група „Џумеира“, потврди дека обновата е планирана, но не прецизира дали објектот целосно ќе биде затворен за време на реконструкцијата.

Според информациите од вработените, на гостите со веќе направени резервации ќе им биде понудено алтернативно сместување во блиски хотели од истата група, а периодот на затворање може да биде променлив во зависност од текот на работите.

„Бурџ Ал Араб“ е една од најпрепознатливите знаменитости не само на Дубаи, туку и на целиот свет. Хотелот претрпел видлива штета на фасадата на почетокот на март, кога остатоци од пресретнат ирански напад со дрон ја погодиле зградата.

Од „Џумеира“ официјално велат дека планираната реконструкција не е поврзана со овој инцидент.

Сепак, тајмингот на обновата доаѓа во период кога конфликтот меѓу САД, Израел и Иран значително го забавува туризмот во регионот.

Луксузните хотели и туристички компании во Обединетите Арапски Емирати веќе пријавуваат нарушувања на летовите, намалена побарувачка и притисок врз профитот поради геополитичката неизвесност.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top