Македонија

Започнува преименување на улици во Тетово

„Имињата на улиците во Тетово треба да го одразуваат идентитетот и реалноста на градот“, вели Ќамили

 

Заменик-градоначалникот на општината Тетово, Алби Ќамили, објави дека започнала со работа Групата за преименување на улиците во градот.

Ќамили е назначен и за претседател на оваа група.

Ќамили објави дека на првиот ден од ангажманот ја примил документацијата и материјалите од претходната група, запознавајќи се детално со досегашната работа.

Тој нагласи дека процесот ќе продолжи врз основа на сработеното, но и земајќи ги предвид предлозите добиени од граѓаните.

„Имињата на улиците во Тетово треба да го одразуваат идентитетот и реалноста на градот“, нагласи Ќамили.

Според него, целта е овој процес да се заврши што е можно поскоро и со сеопфатен пристап.

Сиљановска-Давкова: Само со консензус до промена на улиците во Тетово

Најнови вести од: Македонија

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top