Регион

(Фото): Масовни протести во Бугарија против воведувањето на еврото

Организаторите на протестот ги повикаа граѓаните повторно да излезат на улица на 8 јули, кога се очекува конечното решение за членство на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година.

Во Софија и други населби низ Бугарија, се одржаа демонстрации во знак на одбрана на бугарскиот лев. Учесниците на протестите бараат опстојување на државната парична единица – левот, плебисцит за еврото и абдикација на актуелната Влада.

Протести беа организирани и во Варна, Велико Трново, Плевен, Русе, Хасково и Јамбол. Протестот беше организиран од граѓанската иницијатива „Разбудени“. Граѓаните стравуваат од покачување на цените, но како што велат се плашат од тоа дали институциите ќе спроведат замена на валутата без било какви злоупотреби.

  • Се ќе поскапи, цените ќе се кренат, ситуацијата ќе стане многу лоша. Сега мафијашите само ги лажат луѓето.
  • Одете веднаш и видете ги цените во моментот како се еднакви на еврото. Цент по цент тоа се многу пари. Сакаме да си го зачуваме нашиот суверенитет. Тоа е пред се, сакаме да бидеме независни. Сакаме ние да работиме со нашата валута, а не таа да работи со нас.

Иницијаторите на протестот ги повикаа граѓаните да се соберат уште еднаш на 8 јули, кога се очекува конечната одлука за приклучување на Бугарија во еврозоната од јануари 2026 година. Дел од бугарските економисти, пак, сметаат дека влезот во еврозоната ќе донесе финансиски придобивки за домаќинствата и бизнисот.

Најнови вести од: Регион

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „СТРИП ЦЕНТАР-СТРИПОТ МОЖЕ“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност.

Бугарија: Евакуација на судови и институции, откако добиваат повеќекратни закани за наводно поставени бомби

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави во вторникот бугарското Министерство за внатрешни работи.

To top