Македонија

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележува Св. Трифун во знакот на одржливоста и иновациите во винската индустрија

Винарската визба „Тиквеш“ годинава го одбележува празникот на лозарите и винарите, Свети Трифун, почитувајќи ја традицијата и фокусирајќи се на иновациите и зелената технологија, кои се неопходни за да се создадат врвни вина и да се оствари успех на динамичниот и конкурентен вински пазар.

Свечениот чин на закројување на лозјата во Лепово го извршија поглаварот на МПЦ-ОА, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски, во присуство на министри во Владата, претставници на дипломатскиот кор, институции, лозари и соработници на „Тиквеш“.

Со овој традиционален чин симболично беше означен почетокот на новата лозарска сезона, со порака за единство, одговорност и визија за одржлива иднина на македонското винарство. Истовремено, беше нагласено дека „Тиквеш“ е предводник во имплементацијата на иновативни практики во насока на одржливо производство, што е дополнително значајно во услови кога индустријата се соочува со предизвици наметнати од климатските промени.

„Иднината на лозарството мора да се гради врз основа на наука, стандарди и економски одржливи насади. Лидерската позиција на ,Тиквеш’ во земјава и регионот е резултат токму на примената на иновации, дигитализација, алатки базирани на вештачка интелигенција и зелена технологија. За да бидеме поуспешни во нашите активности и со цел да се обезбеди одржливост и развој на целокупната винска индустрија, неопходна е долгорочна стратегија за секторот, која ќе биде креирана во партнерство со винарниците и останатите засегнати страни. Само така ќе можеме да одговориме на сѐ поголемите предизвици со кои се соочуваме како индустрија“, истакна Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“.

 

 

Винарската визба „Тиквеш“ во континуитет инвестира во воведување напредни практики за производство на грозје и вино, користејќи ја експертизата на врвни реномирани експерти од Франција, Италија и Словенија. Потпирајќи се на научни сознанија и стандарди и следејќи ги најсовремените трендови во индустријата, винарницата истовремено се грижи за доследна имплементација на принципите на одржливост и заштита на животната средина, приспособувајќи се на климатските промени.

 

Со цел понатаму да го намали својот јаглероден отпечаток, „Тиквеш“ е на пат целосно да ја елиминира употребата на фосилни горива во производствениот процес, како и да премине на користење исклучиво енергија од обновливи извори.

„Тиквеш“ е единствена винарница од регионот која успеала да ги задоволи критериумите за сребрено членство во групата „Меѓународни винарници за борба против климатските промени“ (IWCA  – Interational Wineries for Climate Action) и останува амбасадор на македонското винарство на глобално ниво, вбројувајќи се меѓу водечките глобални винарници, чија цел е намалување на јаглеродните емисии до нула најдоцна до 2050 година.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top