Бизнис

(Фото): Македонското вино во трка за квалитет – индустрија под притисок од дома и од светот

Дополнителен предизвик е структурата на самиот извоз. Историски, значаен дел од македонското вино се пласира поевтино како рефус или во цистерни, во т.н. „bulk“ модел. Тоа обезбедува обем и полесен пласман, но нема препознатливост и повисока додадена вредност. Преминот кон извоз на флаширано, брендирано вино е процес што трае и не зависи само од желбата на производителите, туку и од инвестиции, маркетинг, конзистентен квалитет и јасна национална приказна. Без тоа, земјата останува „позадински“ снабдувач, додека брендовите и маржите се создаваат на други адреси.

Домашниот пазар е мал, а чашата македонско вино сè почесто се „пие“ надвор од земјата. Токму затоа винскиот сектор во Македонија со години живее со силна зависност од извозот, модел што донесе стабилни приходи во одредени периоди, но и сериозна ранливост кога глобалните пазари ќе се залулаат. Годишно се извезуваат меѓу 64 и 66 милиони литри вино. Флуктуациите и падот на извезените количини во одредени години ја откриваат слабата точка на системот: кога си претежно извозно ориентиран, секој надворешен шок. од промени во побарувачката до ценовни турбуленции, директно се прелева кај лозарите и винарниците.

Дополнителен предизвик е структурата на самиот извоз. Историски, значаен дел од македонското вино се пласира поевтино како рефус или во цистерни, во т.н. „bulk“ модел. Тоа обезбедува обем и полесен пласман, но нема препознатливост и повисока додадена вредност. Преминот кон извоз на флаширано, брендирано вино е процес што трае и не зависи само од желбата на производителите, туку и од инвестиции, маркетинг, конзистентен квалитет и јасна национална приказна. Без тоа, земјата останува „позадински“ снабдувач, додека брендовите и маржите се создаваат на други адреси.

  • „Езимит вино е целосно извозно ориентирано, најголемиот дел од производството оди надвор, а во Македонија практично не настапуваме во класичната продажба. Единствен исклучок ни е електронската продажба преку vinododoma.mk. Тоа многу јасно покажува колку е мал и ограничен домашниот пазар, но и колку е важно кога ќе излезеш надвор да не продаваш само количина, туку приказна, квалитет и препознатлив бренд. Ако одиш надвор со bulk, остануваш анонимен и евтин добавувач. Преминот мора да биде кон флаширано и брендирано вино , таму се маржата, препознатливоста и долгорочната позиција“, вели Зоранчо Митровски, сопственик и директор на Езимит вино.

Но, ако еден столб ја одржува индустријата, друг ја поткопува како квалитетот и стандардите. Недостатокот или нецелосната примена на стандарди може да резултира со дел од производството со понизок квалитет, што директно го нарушува имиџот на земјата како винска дестинација. Во време кога потрошувачите бараат автентичност, потекло и гаранции, секоја „слаба алка“ се враќа како бумеранг не само на конкретниот производител, туку и на целата земја. Од таа перспектива, контролата на квалитетот не е бирократска формалност, туку прашање на доверба.

И дома ситуацијата не е полесна. Домашниот пазар е тесен и тешко „прима“ нови играчи. Според анализи, малите винарии најчесто имаат проблем да обезбедат пристап до дистрибуција и видливост во продажните мрежи, па реално им останува извозот како главна опција.

Сето тоа се случува во момент кога светскиот вински пазар се менува. Глобалните трендови на намалена потрошувачка и создадени вишоци во одредени региони вршат притисок врз цените и ја прават конкуренцијата пожестока. Во таква атмосфера, малите и извозно ориентирани земји се меѓу најизложените, кога големите производители имаат вишок, тие го пласираат по пониски цени и ја стеснуваат „маргината за дишење“ на помалите играчи. Македонија, со ограничен домашен апсорпциски капацитет и историски потпирање на „bulk“ пласман, лесно може да се најде во позиција да продава повеќе, но да заработува помалку.

Прашањето е што понатаму? Винскиот сектор очигледно стои на крстопат. Од една страна, извозот останува нужност и шанса. Од друга, зависноста од обем наместо од вредност ја прави индустријата чувствителна, а недоволната стандардизација и „сивите“ практики го јадат кредибилитетот одвнатре. Во трка што станува сè поглобална и посурова, победуваат оние што успеваат да понудат јасен квалитет, стабилни правила и препознатлив производ. За Македонија, тоа значи дека следната фаза не е само „да извезуваме повеќе“, туку да извезуваме попаметно: со квалитет што се препознава, стандарди што се спроведуваат и регулатива што создава ред, а не дополнителен хаос.

Најнови вести од: Бизнис

Обука за идни лидери и претприемачи – Започнува 18. издание на ЛИДЕР, проектот на „Македонија 2025“

Програмата опфаќа клучни бизнис области како стратегија, маркетинг, финансии, управување со човечки ресурси, развој на производ, подготовка на бизнис план и лидерство. Наставата се одвива преку студии на случај, интерактивни симулации и практични вежби, дополнети со индивидуални менторски сесии со инструктори од Канада.

Ќе има ли поевтинување на храната по Велигден?!

По Велигден, прашањето кое се поставува е дали ќе има поевтинување на храната или цените ќе продолжат да растат. Владата најави мерки за утре, но засега без конкретни детали. Во изминатите денови, цените на дел од прехранбените производи покажуваат раст, додека очекувањата кај граѓаните се дека по празниците ќе следи стабилизација.

Нов скок на цената на нафтата по целосната поморска блокада на Иран

Цената на нафтата забележа значително зголемување во почетната фаза на тргување, откако Соединетите Американски Држави објавија дека од денеска стапува на сила целосна забрана за пристап до иранските пристаништа.

Под лупа над 800 продажни места, Инспекцијата со полни раце работа – Кој се го прекршил законот в очи празниците?!

Мицкоски најави дека на следната владина седница ќе го имаат извештајот и компаративната анализа и ќе резгираат врз основа на неа. Засега остануваат мерките за намалување на ДДВ за бензините и дизел од 18 на 10 проценти и одлуката за усогласување на акцизите, со која Регулаторната комисија за енергетика може да постапува.

To top