Македонија

ДУИ поднесе кривична пријава против министерот за правда

Од Мала речица велат дека Филков го попречил спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, со тоа што не го прифатил барањето на студентите по правосудство испитот да се одржи на албански јазик.

 

ДУИ поднесе кривична пријава против министерот за правда Игор Филков, за она што го нарекуваат кршење на уставните и законските обврски.
„Денес, пред оваа институција на правдата, поднесуваме кривична пријава против Министерството за правда на Северна Македонија за сериозни прекршувања на уставните и законските обврски.

Прво, за попречување на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, спротивно на член 7 од Уставот на Република  Македонија и членовите 1, 2, 3 и 9 од Законот за употреба на јазиците, кои го признаваат албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот и ги обврзуваат државните институции да обезбедат употреба на службениот јазик на партиите во службените процедури и документи“.

„Второ, за неизвршување на службени должности на штета на уставните и законските права на граѓаните Албанци, спротивно на член 9 од Уставот (еднаквост на граѓаните пред законот) и член 353 од Кривичниот законик (злоупотреба на службена должност и овластување). Одбивањето да се организира и одржи правосуден испит на албански јазик директно го нарушува правото на употреба на службениот јазик во постапките пред институциите“.

„Трето, овие дејствија претставуваат повреда на рамноправноста на граѓаните според член 137 од Кривичниот законик и се спротивни на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој забранува секаков облик на дискриминација врз основа на јазик и етничка припадност. Неспроведувањето на законот и негирањето на ова право испраќа дискриминаторски пораки и ризикува продлабочување на тензиите во мултиетничко општество“, велат од ДУИ.

Тие исто така Одбивањето да се организира и одржи правосуден испит на албански јазик директно го нарушува правото на употреба на службениот јазик во постапките .

„Со тоа што не го понуди испитот по правосудство на албански јазик и со тоа што одби да го спроведе ова законско право, Министерството за правда ги прекрши своите службени должности, го прекрши уставниот принцип на еднаквост и постапи спротивно на правниот поредок на државата.“

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top