Македонија

Предупредување за силни налети на ветер во текот на ноќта и утре

УХМР

Управа за хидрометеоролошки работи попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден, 18 февруари, поради најавата за силен северозападен ветер кој ќе зафати делови од државата.

Според прогнозата, се очекува умерен до засилен ветер, при што на одредени места брзината ќе надминува 60 километри на час. Најсилни удари се најавуваат во источните делови на земјата, како и во Пелагонискиот регион.

Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни при движење на отворен простор, особено во подрачја изложени на силни налети. Се препорачува обезбедување на предмети на тераси и во дворови кои би можеле да бидат однесени од ветерот или да предизвикаат материјална штета.

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните болници и го спаси Филипче

Особено загрижува фактот што предметот со години фаќал прашина, прво во фиоката на Вилма Рускоска, потоа во таа на Елизабета Јосифовска, двете обвинителки од поранешното криминално СЈО, за на крај, токму ОЈО ГОКК предводено од слугата на СДС и ДУИ, Абази да донесе одлука дека нема основ за кривично гонење

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top