Македонија

Истрагата за дрогата оди до лица од опозицискиот блок и порано активни политичари, вели Мицкоски

Се ќе биде поткрепено со докази

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за скандалот со дрогата истакна дека истрагата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари, при што посочи дека сите ќе одговараат затоа што се ќе биде поткрепено со докази.

Во однос на текот на досегашната истрага премиерот Мицкоски изјави дека има кривична пријава за 10 лица покрај оние двајца кои веќе се приведени и ова е само почеток, врз основа на информациите, додека за обвинувањата  на опозицијата изјави дека одговорност ќе има кон сите, но опозицијата треба да е свесна дека истрагата води до нивни блиски и дека постојат докази за тоа.

„Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази. Затоа што да не биде тогаш „зошто моето семејство“, сите ќе бидат вклучени, бидејќи знаат да го напаѓаат моето семејство и семејствата на луѓето од Владата, треба да се свесни дека нивните семејства за кои постојат докази посебно во овој случај ќе бидат одговорни за многу работи“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека сепак правдата ќе победи во случајот и тој кој се огрешил ќе одговара, но и не треба да заборавиме каква политика водеше владата на СДСМ и ДУИ во врска со одгледувањето на канабис, како и тоа дека се ова е последица на тие политики.

„Сите забораваме колку пати претходната влада на СДСМ и ДУИ се обидуваше да го промени Законот за одгледување на канабис и да се дозволи извоз на цвет од канабис. Дури на најстроги празници свикуваа седници во Собрание. Еве самите гледаме што барале производителите. Не може вашата економска програма да се темели на производство на канабис, самото по себе е поразително“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски водено истакна дека еве сега со скандалот со дрогата гледаме како Али, Заев и Венко како министер за здравство ја развивале Македонија и дека ова се последици од тие политики, но ќе бидат казнети.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

Видео: Пораки од телефон ја отвараат приказната против експретседателката на Антикорупциска Димитровска

Еден ручек . Толку ја чинело експретседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска полагањето на тестот за безбедносен сертификатат. Но, не е сигурно дека нејзиниот колега Миле Столевски кој полагал наместо неа, ќарил ручек. Ова произлегува од пораките кои обвинителството ги прочита пред судот со кои ја товари Димитровска за комјутерски фалсификат. Експретседателката и обвинетиот Столевски го […]

Авионските билети поскапуваат за околу 100 евра

Прекинот на глобалните испораки на нафта поради војната во Иран ја зголеми цената на летовите на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што веројатно ќе доведе до повисоки цени на билетите, соопшти денеска Европската федерација за транспорт. Зголемувањето на цените на горивото за авиони ја зголеми просечната цена на горивото за 88 евра по патник на летови на долги релации што ја напуштаат Европа и 29 евра на летови во Европа, соопшти T&E.

(Фото): Секој четврти осигуреник не остварува приходи, што тука прави државата?!

Лицата што минатата година имале под 293.000 денари приходи, кои во последните два месеци имале помалку од 48.000 денари, да добијат бесплатно здравствено осигурување, а лицата што имале повисоки приходи од овие да плаќаат придонес на основицата 50 отсто од просечната плата, а тоа е 2.593 денари месечно, да добијат здравствено осигурување.

To top