Македонија

Уште пет години за легализирање на дивоградбите

Целта е да им се овозможат на граѓаните кои сè уште не ја завршиле постапката да ги регулираат имотно-правните односи и да ги внесат објектите во правниот систем

 

Собранието ги изгласа измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со кои рокот за поднесување и завршување на постапките за легализација на дивоградби се продолжува за уште пет години.

Одлуката беше донесена на седница на парламентот, по скратена постапка, а измените имаат цел да им овозможат на граѓаните кои сè уште не ја завршиле постапката да ги регулираат имотно-правните односи и да ги внесат објектите во правниот систем.

Со новите законски измени се продолжува рокот за комплетирање на документацијата и за донесување решенија од страна на општините и се овозможува дополнително време за предметите кои се во тек, но не се целосно обработени.

Локалните самоуправи добиваат подолг временски период за административна обработка на илјадниците нерешени барања, Според предлагачите, продолжувањето на рокот е неопходно поради големиот број нерешени предмети, сложените имотно-правни односи и потребата да се избегнат дополнителни судски постапки.

По стапувањето во сила на измените, општините ќе треба да ги информираат граѓаните за новите рокови и процедурите за дополнување на документацијата. Очекувањата се дека во наредниот период ќе се интензивира обработката на предметите, со цел конечно затворање на долгогодишниот процес на легализација.

Најнови вести од: Македонија

ЈСП губи патници: Дали во Скопје умира јавниот превоз и како да се зачува градската навика?!

Најголемиот недостаток во досегашните дискусии за јавниот превоз е што БРТ, лесното метро, градскиот воз и класичните автобуси често се третираат како одвоени решенија. Но, модерниот јавен превоз функционира токму спротивно – како мрежа во која различни видови транспорт се надополнуваат.

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Чествувањето на 23 Октомври во рамките на политичкиот дискурс во Македонија служи како инструмент за мобилизација на јавното мнение и потсетување на колективната меморија. Политичките елити го користат овој историски датум не само за оддавање почит кон жртвите од минатото, туку и за легитимирање на сопствените политички агенди поврзани со реформите, европските интеграции и заштитата на националните интереси.

To top