Македонија

Јаневска е подготвена да ја плати политичката цена за Законот за високо образование (ВИДЕО)

Министерката не очекува законот да добие вето од претседателката Сиљановска-Давкова

Министерката Весна Јаневска е подготвена да ја плати политичката цена за Законот за високо образование.

,,Ако треба да се плати цената, ќе се плати, законот нема да го повлечам”, вели министерката на прашањето за реакциите од јавноста кој може да бидат контрапродуктивни за владата која турка повеќе закони кои наидоа на отпор кај дел од граѓаните: Сејф Сити, Законот за пушење…

Во ,,Утринско Еспресо” на Радио Лидер Јаневска вели дека не се повлекува од Законот затоа што е убедена дека следните генерации ќе бидат благодарни што некој министер донесол ваков закон.

 

Таа е убедена дека Законот ќе функционира во пракса и вели дека доколку се утврди дека не функционира ќе бидат носени измени за да биде функционален.

Министерката не очекува законот да добие вето од претседателката Сиљановска-Давкова која потекнува од Правниот факултет во Скопје од каде доаѓаат најголемите критики за законот.

Таа во емисијата расчистува голем дел од нејаснотиите кои беа присутни во јавноста во врска со законот.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top