Македонија

ДВ: Владиниот авион во расчекор со технологијата – заложби за купување нов авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години!

Додека СДСМ ја обвинува власта за „ пуста желба за поголем и нов авион за луксузирање“, медиумските архиви сведочат дека заложби за купување нов владин авион доаѓале и од кадри на СДСМ пред седум години, во периодот кога оваа партија ја предводеше Владата. Во заложбата „за“ нов авион биле приложени сериозни аргументи, во кои доминираат предупредувања за технолошката застареност на владиниот „лирџет 60“. Како еден од клучните проблеми и тогаш се сметал недостигот на резервни делови за авионот и постојаните поправки со репарирани делови. Ова го објави Македонската редакција на Дојче Веле.

ДВ натаму наведува: „Време е за купување на нов државен авион“, оцени во март 2019 година во интервју за „Независен“, Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство во периодот 2019-2024 година. Тој е поранешен пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ.

Оценката дека е потребен нов авион ја даде само по два месеца откако стапи на челната позиција во АЦВ.

„Наше мислење или препорака е сериозно да се размислува за набавка на нов авион. Актуелниот државен авион е со стара технологија, земен многу одамна, не е земен нов, туку репариран. Технологијата што ја има дозволува слетување само на аеродроми од прва категорија, а денешните аеродроми нудат можност и за слетување во полоши услови. Затоа во случаи на магла или неповолни метеоуслови, авионот оди на околните аеродроми. Од безбедносен аспект ќе биде многу подобро. Не може авион со 7 седишта да биде авион на Влада. Треба да има минимум 15 седишта“, изјави Тунтев.

Авион со технологија од 80-тите години
Секако, бројот на седиштата не е клучниот аргумент, туку застарената технологија.

„Јас сум цврсто убеден дека поради застарената технологија, итно треба да се размислува за набавка на нов авион за потребите на државните органи. Со тој авион ќе лета и претседател на држава и премиер, претседател на Собрание, и не само што треба да ги задоволи потребите од организациски аспект, туку и најсовремените безбедносни стандарди (…) Сметам дека не може авион со технологија од 80-тите години да ги задоволи потребите, и како капацитет, и како техника и технологија, и затоа треба да се размислува за набавка на нов“, вели Тунтев.

Посочувајќи на потребите на македонски делегации од патување, особено до Брисел, Стразбур и други ЕУ-центри, но и на цените на билетите во комерцијалната авијација, тој оценува дека „сигурно оваа инвестиција ќе биде исплатлива”.

Владиниот „лирџет 60“ е во сообраќај од јануари 2005 година. Кога се случи дефект на авионот во декември 2024, директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, наведе дека од 2017 дотогаш, биле потрошени околу 3,5 милиони евра за поправки. Но објасни и дека за тој авион веќе не се произведуваат делови, значи нема нови резервни, па за поправки се користат репарирани делови.

За ваквата пракса – поправање дефекти со стари делови, говори и Тунтев во 2019 година.

„Еднаш премиерот (Зоран Заев – н.з.) ми прати порака дека се расипал генераторот. Јас му одговорив, „не секирај се премиере, има уште еден“ (генератор- н.з.). Но, ако се чести откажувањата на генераторот, независно од редовните прегледи, тогаш треба да се запрашаме зошто е тоа така. Тоа се генератори со технологија од раните 80-ти, а сега сме длабоко навлезени во 21 век. Такви генератори не постојат, сега се алтернатори и немате ни резервен дел, не се произведуваат. Тогаш му реков, ‘премиере, време е да размислувате за нов авион’, а тој на шега ми одговори, ‘Тевдо не дава’ (тогашниот министер за финансии Драган Тевдовски – н.з.). Но мое е, таков став и на колегиум зазедовме, да укажеме и да советуваме сериозно да се размислува за ова прашање“, рече Тунтев.

Дефекти и принудни слетувања
Во партиската поларизација по ова прашање, кое во основа претставува и безбедносен стандард, како да се „заборава“ долгиот историјат на проблемите со авионот. Во декември 2024 година, собраниска делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, престојуваше во официјална посета на шведскиот парламент, но не можеше да се врати во Скопје поради утврдена небезбедност на авионот. Поради дополнителни проверки на проблемите со авионот, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз, на која присуствуваа сите светски лидери. Од Кабинетот на претседателката го информираа Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека таа не е во можност да патува поради дефект на владиниот авион.

Поради дополнителни проверки на проблемите со авионот, претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, не замина во Франција на церемонијата на отворањето на реновираната катедрала Нотр Дам во Париз. „Дефект на владиниот авион”, „вонредно сервисирање на владиниот авион”, се најчести вести поврзани со „лирџетот“ и тие не се својствени само во изминатите неколку години. Пред една деценија, во мај 2016 година, поради дефект на авионот тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов, од Сараево (каде присуствуваше на самитот „Брдо-Бриони“) отпатува на службена средба во Софија со комерцијален лет. А дефектот се случил само еден месец по неговото сервисирање, во април 2016 година.

Во мај 2015 година, авионот со кој од Стразбур се враќаше делегација предводена од тогашниот премиер Никола Груевски, мораше принудно да слета во Цирих поради пореметување на внатрешниот притисок во авионот. Во февруари 2014 година, поради сериозен дефект во авионот беше откажана посетата на Иванов на рускиот град Сочи, каде требаше да присуствува на отворањето на 22. Зимски олимписки игри, а оттаму да замине за Москва. Од Кабинетот информираа дека Иванов со редовна линија ќе отпатува за Москва.

Во расчекор со технологијата
Но, и во периодот кога владиниот авион бил релативно нов, се јавувале технички проблеми. Во мај 2009 година, „лирџетот“ со кој тогашниот премиер Никола Груевски и неговите соработници требаше да отпатуваат во Париз, поради технички проблеми принудно слета во Брисел.

Покрај Тунтев, и главниот пилот на владиниот авион, Емил Георгиев, во интервју пред три години посочи дека авионот не бил во чекор со технологијата ни во годината кога бил купен. „Тој е купен во 2005 година, не е луксузен во споредба со чиј било авион на која било држава од нашето опкружување или општо во регионот“, рече тој во интервју за „Машки магазин“, во март 2022 година.

„Авионот е технолошки застарен модел. Тој не беше во чекор со технологијата ни во годината на купување. За читателите да разберат подобро, тоа е како денеска да купите нов Голф 3“, оцени главниот пилот на владиниот авион., објави Дојче веле.

Најнови вести од: Македонија

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

     Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO 2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата […]

Министерството за образование со став за недостигот на учебници за малобројните етнички заедници

Наставници и автори што пишуваат учебници на некој од овие јазици завчера на средба во Министерството за односи меѓу заедниците се пожалија дека со измените на Законот за учебниците минатата година конкурсите за учебници, наместо МОН, ги објавуваат издавачките куќи и оти тие поради економска неисплатливост, одбиваат да ги печатат поради малиот тираж, со оглед на тоа што настава на секој од петте јазици следат по стотина ученици.

Законот за високо образование отворен за аргументирани забелешки, но не и за дискусии под академско ниво

Годинава во образованието се вложени околу 114 милиони евра, а во науката 12,5 милиони евра. Дека предложениот закон е прогресивен и има за цел значително унапредување на квалитетот на високото образование во државата, смета и академската фела. Според дел од професорите, со овој закон ќе се доближиме до другите развиени земји. Законот ќе биде поставен на ЕНЕР до последниот, 30-ти ден, по што ќе се разгледаат забелешките, за кои работната група смета дека се прифатливи, а потоа оди во владина процедура.

(Фото): Македонија и Унгарија ги зајакнуваат врските на регионалниот развој и ЕУ политиките, рече Перински

Во фокусот на разговорите беше размената на искуства за поефикасно и целосно искористување на програмите на Европската Унија, како и поддршка на вклучувањето на Македонија во нови европски програми. За Министерството за локална самоуправа, оваа соработка има особено значење во насока на унапредување на регионалниот развој, пренесување на знаење со цел зајакнување на институционалните капацитети и пристапот до европски фондови.

(Видео): Пак ќе треба да се извинуваат, премиерот лут на СДСМ оти го мешале неговото семејство

Некаде треба да стигнете побргу и да се вратите побргу бидејќи имате обврски, а од друга страна имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште. Повторно ни криви ни должни го мешаат моето семејство. Моето семејство беше таму, им се придружив, наместо три останав четири дена и пред нив се вратив со шефот на моето обезбедување, рече Мицкоски во однос на патувањето со владиниот авион во Сплип.

To top