Македонија

Обвинителството ја откри шемата за случајот со марихуаната: Отворена истрага против шест лица

Истрага во Македонија

На 14 јануари, во раните утрински часови повеќе од осум тони марихуана ја напуштиле Македонија и завршиле во српското село Коњух. Цветот од канабис, купен од струмичката фирма, во декмври 2025 година вработените во скопската Алфафарм го спакувале во 200-те кутии, а потоа газдата, сега првоосомничен им дал две недели колективен одмор.

Се почнало со договор да шверцаат дрога за српскиот црн пазар помеѓу двајца кои беа уапсени во Србија, еден од нив е  Иван Драгниќ кој се води како косопственик во Алфафарм и првоосомничениот во Македонија, газдата на скопската фирма.

Шестмина, за кои досега се обезбеделе докази, според ОЈО за ГОКК,  формирале група за да шверцаат и продаваат кокаин и марихуана, и тоа го правеле од 2025 до јануари годинава. Секој од нив си имал улога во нелегалното чување и транспортот на марихуаната, за потоа да биде пуштена на црниот пазар.

„ На 13.01.2026 година, во пладневните часови, двајцата ортаци (едниот осомничен во РСМ, а другиот во РС), организирале пренесување на поголема количина сув цвет од канабис со товарни и патнички возила од објектот на правното лице во Скопје до локација во атарот на Свети Николе“ соопштија од ОЈО за ГОКК.

Газдата од Скопје, го организирал превозот на дрогата и во два наврати биле префрлени во Свети Николско.Во исто време, другите петмина од групата на паркингот кај локалната црква во селото Сарамзалино истовариле царинета стока од камион кој потоа ја пренел дрогата.

„Осомничените заминале за Свети Николе каде во испразнетото товарно возило биле натоварени кутиите со сув цвет од канабис. По извршениот утовар, осомничените на кои претходно им беше определен краткотраен притвор, со товарното моторно возило и приклучното возило, заедно со уште тројца осомничени со ПМВ, се упатиле кон граничниот премин Табановце и ја напуштиле државата“ велат од ОЈО за ГОКК.

Следното утро, 14 јануари годинива, во 20 минути до 4, камионот поминал на Табановци и стигнало до Коњух, каде дрогата била растоварена, а потоа откриена од српските истражни органи.

Обвинителството бара притвор од 30 дена за двајцата осомничени кои веќе се краткотраен, а според досегашните информации во Македонија запленети се околу 40 тони маруаана и над 1300 шишиња недоработено масло од канабис.

Истрагата за скандалот со дрогата води до лица од опозицискиот блок, но и поранешни политичари откри премиерот Христијан Мицкоски во тв интервју. Одговорност ќе сносат сите за кои ќе се обезбедат докази, рече тој.

Секогаш кога ќе ја прашате опозицијата тие тоа ќе ви го кажат без да имаат било каков аргумент, а власта од оваа страна која што зборува врз основа на аргументи и факти. Нема да зборувам, но мислам дека ќе дојдат до многу важни имиња кои се дел или поврзани со моменталната опозициската СДСМ, делумно со така наречениот Европски Фронт, но и поранешни политичари. Само тогаш да не биде дека тоа е политички реваншизам и хајка, затоа што се ќе биде поткрепено со докази –  рече премиерот Мицкоски.

Продолжуваат претресите и во други фирми за што Владата ги задолжи надлежните институции. Според досегашните проверки и претреси дел од фирмите работеле согласно законските прописи.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top