Македонија

Героски за случајот „Чанта“: Ова може да им текне само на луѓе кои или самите се луксузираат, или посакуваат, а не можат

Многу тажен таблоиден јавен настап на СДСМ што нема да ја крене на нозе опозициската партија, смета новинарот

Новинарот Бранко Героски се надоврза на лавината коментари по најновата утка на СДСМ со чантата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

„СДСМ нема да успее да се крене на нозе со вакви таблоидни јавни настапи. Освен тоа, какво бламирање! Чанта купена за 944 денари ја ‘препознале’ како луксузно парче што вреди 30.000 долари. Ова може да им текне само на луѓе кои или самите се луксузираат на таков начин или посакуваат да го прават тоа, а не можат. Во секој случај, многу тажно…“, вели Героски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top