Македонија

(Фото): Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска се сретна со граѓаните од Кисела Вода

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

Во Општина Кисела Вода се одржа нов отворен ден посветен на директни средби и комуникација со граѓаните. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со советници од Град Скопје, оствари средби со околу 50 жители, а беа реализирани и над 20 телефонски разговори со граѓани кои ги презентираа своите барања, идеи и предлози.

Главната заложба на овие средби е секој жител што има потреба да биде сослушан. Преку непосредниот контакт се создава простор за искрен разговор и се бараат заеднички решенија кои директно ќе придонесат за поквалитетен живот. Ваквиот транспарентен начин на комуникација овозможува навремено согледување на секојдневните предизвици со кои се соочуваат жителите и ефикасно постапување при нивното решавање.

Приемните денови се организираат за време на викендот, односно во сабота, со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да им се олесни одвојувањето време надвор од нивните редовни работни обврски. Отворените денови за средби со граѓаните ќе продолжат да се реализираат со истата динамика и во наредниот период.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да остварат средба, можат да закажат свој термин на телефонскиот број 02/2785-401, каде што ќе ги добијат сите потребни информации околу точниот датум и време.

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top