Бизнис

ЕУ го отвора пазарот за возачи надвор од ЕУ, македонските и балканските во неизвесност

Пилот-проектите се планирани да започнат во втората половина на 2026 година

ЕУ се движи кон отворање на внатрешниот пазар за возачи на камиони кои не се од Европа, објавува Вишеград 24.

Според најавата се очекува возачите да бидат регрутирани главно од Египет, Бангладеш, Пакистан, Мароко, Тунис и Кенија.

Европската комисија сега планира да ги поедностави процедурите, како и да воспостави заеднички правила за заштита на возачите од злоупотреба и да обезбеди фер услови за работа за возачите кои не се од Европа.

Досега, регрутирањето возачи надвор од Унијата беше домен на приватни компании и поединечни земји-членки.

Овој процес, честопати сложен и долготрајно, варира од земја до земја.

Европската комисија тврди дека униформните законски рамки ефикасно ќе се борат против недостигот на професионални возачи во Европа со нивно набавување од трети земји.

На барање на Европската комисија, Меѓународната унија за патен транспорт (IRU) подготви сеопфатен извештај во кој се анализираат сите аспекти на вработувањето возачи надвор од Европа.

Извештајот ја нагласува потребата од забрзување на процесите за визи и признавањето на професионалните квалификации добиени надвор од ЕУ.

Според експертите, само преку такви мерки Европа реално може да пополни околу 500 000 слободни работни места во транспортниот сектор на ЕУ.

Еден од најважните проекти насочени кон помагање во спроведувањето на овие претпоставки е SDM4EU (Мобилност на квалификувани возачи за Европа).

Како дел од SDM4EU, во моментов се развиваат процедури за да се овозможи легално и брзо вработување на возачи во земјите-членки на ЕУ.

Пилот-проектите се планирани да започнат во втората половина на 2026 година.

Во објавата на Вишеград 24 не се споменува проблемот со македонските шофери и колегите од регионот.

Најнови вести од: Бизнис

Каматите мируваат, новите кредити поскапи – монетарно движење во април

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на годишна основа бележи намалување од 0,04 п.п., при што во април таа изнесува 2,16%, наведува Народна банка. Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во април 2026 година, изнесува 4,70% и е непроменета во однос на претходниот месец, додека на годишна основа оствари пад од 0,41 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечно и годишно намалување од 0,02 п.п. и 0,04 п.п., соодветно и изнесува 2,16%.

Ристески на средба со винариите: Упатен повик за аплицирање на достапната институционална поддршка

Владата и Министерството за економија и труд се партнери на домашните винопроизводители, само преку заеднички дијалог и соработка можеме да креираме квалитетни политики кои ќе овозможат долгорочен развој на македонската винска индустрија и лозарство.

To top