Македонија

Ченто за Ленче: Не може тие што нè втурнаа во хаос и неправда да бидат спасители

Правдата не се гради со истите лица што ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството

Не може луѓе што ги создадоа проблемите, што ја турнаа државата во поделби, неправди и хаос, денес да се претставуваат како спасители.

Ова е ставот на внукот на првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто кој како осуден за тероризам за 27 Април ги коментира реакциите на обвинителката Ленче Ристовска и на премиерот Мицкоски за тоа кој може да биде иден обвинител.

Ристовска се жали на политичка елиминација а Мицкоски вели дека Ристовска нема да биде иден државен обвинител за што добива поддршка од Ченто.

,,Не може тие кога се газеше достоинството и кога се рушеше системот, сега да зборуваат за реформи и решенија.

Ако навистина сакаме напредок, мора да направиме јасна разлика меѓу тие што го создадоа проблемот и тие што имаат волја и интегритет да го решат.

Државата не се обновува со истата логика што ја довела до криза.

Потребна е нова енергија, чиста намера и храброст да се признае вистината и да се исправат неправдите.

Ова не е прашање на лична нетрпеливост. Ова е прашање на принцип.

На одговорност.

На морал.

Затоа што правдата не се гради со истите раце што ја урнаа довербата на граѓаните во правосудството.

И решението не може да дојде од оние што беа дел од проблемот.

Време е за вистинска промена.

Одлука за почит”, пишува Ченто за одлуката на премиерот Христијан Мицкоски Ристовска да не биде меѓу тие кои имаат шанса да бидат државен обвинител.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите ќе евидентираат насилство и кога пациентите молчат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека лекар ќе може да евидентира во системот „Мој термин“ ако забележи дека некој пациент претрпел насилство. Со години лекарите пријавуваат во полиција доколку кај нив дојде пациент што има знаци на физичко или сексуално насилство, а Алиу вели дека сега ќе го евидентираат тоа и во „Мој термин“.

(Фото): Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата

Според Сиљановска-Давкова, книгата не нѐ учи само да читаме редови, таа нѐ учи да ги читаме и разбираме времињата нагласувајќи ја нејзината тивка, но длабока и трајна моќ да влијае врз човекот и развојот на неговиот карактер.

To top