Македонија

ВРЕДИ: Дали Груби ќе им го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и на ДУИ?

Во ДУИ треперат од страв бидејќи не знаат за што е подготвен да зборува уапсениот бегалец

 

 

 

Оттаму прашуваат дали Артан Груби ќе им го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ?

„Црната кутија на владеењето на ДУИ конечно е предадена.

Артан Груби е учесник и извршител на сите матни договори на ДУИ. Затоа, ДУИ трепери од страв оти не знаат за што е подготвен да зборува Артан Груби.

Откако ДУИ катастрофално загуби на локалните избори и сите лажни ветувања на Ахмети за предвремени избори и наводно влегување во владата не успеаја, Артан нема друг избор освен да се соочи со своите гревови.

Но, кого ќе поведе со себе, останува да се види“, се наведува во реакцијата на ВРЕДИ.

Груби во ќелија со „цимер“ Македонец

Најнови вести од: Македонија

Партијата на Али Ахмети е против идентификациската одредница „Македонска“ за АРМ и вели „не е имот само на македонската етничка заедница“?!

„На Денот на Армијата на Република С.Македонија Министерството за одбрана официјално ја воведе како ‘Македонска армија’. Во уставниот поредок, дефиницијата ‘Македонец’ е поврзана само со етничкиот идентитет на македонскиот народ, додека официјалното име е Армија на Република С.Македонија. Таа им припаѓа на сите граѓани и на сите заедници што ја сочинуваат државата.“  – наведува партијата на Али Ахмети во своето соопштение, во кое реагира во врска со идентификациската одредница „Македонска“ за Армијата на Република Македонија.

Кинеска компанија ќе гради фотоволтаични централи во Осломеј и Битола

Според известувањата на Европската банка за обнова и развој ЕСМ кон крајот на јуни потпишала два договори со кинеската компанија, а завршувањето на проектите е предвидено до 13 август 2027 година

To top