Македонија

Не ЦИА и БНД туку Македонец и открил на германската влада дека Русија ја нападнала Украина

Надзорникот на германските разузнавачки служби за војната во Украина бил информиран од Бојан Панчевски

Не моќните разузнавачки служби ЦИА или БНД туку македонскиот новинар Бојан Панчевски и открил на германската влада дека Русија ја нападнала Украина во 2022 година.

Информацијата за нападот врз Украина од Панчевски ја добил Волфганг Шмит, шеф на канцеларијата на канцеларот во тоа време.

Во телевизиска емисија Шмит раскажува што се случило и како Панчевски кој е новинар на американскиот весник Wold Street Journal, го информирал за војната.

,,Германската канцеларија на канцелар го дознала точното време на руската инвазија на Украина не од ЦИА или БНД, туку од… мене самиот, според Волфганг Шмит, поранешен министер на канцеларијата на канцеларот, надзорник на германските разузнавачки служби и главен помошник на екс канцеларот Шолц. Вистинска приказна”, пишува Панчевски објавувајќи видео од сведоштвото на Шмит.

Сојузната канцеларија на канцеларот (Bundeskanzleramt), е германска федерална агенција која служи на извршната функција на канцеларот на Германија, шефот на федералната влада, моментално Фридрих Мерц. Примарната функција на канцеларијата на канцеларот е да му помага на канцеларот во координирањето на активностите на федералната влада. Шефот на канцеларијата на канцеларот (Chef des Bundeskanzleramtes) има ранг на државен секретар (Staatssekretär) или федерален министер (Bundesminister), моментално го држи Торстен Фрај. Седиштето на германската канцеларија на канцеларот се наоѓа во зградата на Сојузната канцеларија на канцеларот во Берлин, која е најголемата владина канцеларија во светот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top