Македонија

Димитриевски: Куќниот притвор за Груби е невиден преседан, недозволив за сериозна држава, Советот на обвинители и Судскиот совет да го разгледаат тоа!

Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо, изјави лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски за определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Коментирајќи ја одлуката побарана од страна на обвинителството, донесена од судијата на претходна постапка, во одговорот на новинарските прашања Димитриевски кажа дека ако сакаме во Европа, ќе мора да споделуваме европски вредности, дополнувајќи дека сериозна држава не смее да си дозволи вакви преседани.

– Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како политички субјект и моите лични ставови во делот на нефункционалноста на судскиот систем. Недозволиво е лице кое подолг временски период е во бегство, се враќа во државата и да му се изрекува мерка притвор и истото од распит завршува дома. Сериозна држава не смее да си дозволи такви преседани. Но, оставам на институциите на системот да се позанимаваат со ова што тоа значи. Значи дека и Советот на јавни обвинители, но и Републичкиот судски совет ќе треба да ги разгледаат во целост овие постапки и доколку постои евентуална субјективност или одговорност кај поединци истите да ги санкционира, во спротивно не се менува ништо – изјави Димитриевски.

Тој потсети дека е легалист и дека самиот присуствувал на секое рочиште кое се водеше против него во Кумановскиот основен суд. За Димитриевски е недозволиво Груби после 14 месеци бегство да заврши во куќен притвор. – Јас сум легалист, видете кога бев обвинет, редовно се појавував на сите судски рочишта. Го повикав господинот Груби да го следи тој пример. За жал, беше отсутен од државата повеќе од 14 месеци, се врати и заврши во домашен притвор што е недозволиво за еден сериозен систем. Сакаме во Европа, сакаме да напредуваме, ќе мора да ги делиме и европските вредности во делот на поделба на правдата во државата – изјави Димитриевски.

Лидерот на ЗНАМ, кажа дека е задоволен од работата на министерот за правда Игор Филков, а изјавите на одредени лидери, претставници на коалициски партнери, градоначалници за работата на министерот во однос на правосудниот испит, ги оцени како обид за дневна политика и собирање евтини политички поени. На новинарски прашања дали ќе се повлече од власта при евентуална реконструкција на Владата и разрешување на министерот, Димитриевски рече дека засега нема таква најава, но дека останува правото на мандатарот за реконструкција и повтори дека е задоволен од работата на министерот за правда.

– Првично министерот Филков работи согласно позитивните законски прописи во државата што се во сила и се почитува и законот и Уставот. Што се однесува до реконструкција на Владата сега засега таква најава нема од страна на мандатарот, тоа е негово право. Инаку, сите оние претходни субјективни изјави коишто беа дадени од страна на одредени мои колеги, градоначалници, лидери или претставници на некои коалициски партнери ги сведувам на ниво на дневна политика и собирање на евтини политички поени. Јас како претседател на ЗНАМ сум задоволен од работата на ресорниот министер Филков и тој ја ужива комплетно мојата поддршка – изјави Димитриевски.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top