Свет

Трамп и Нетанјаху бараат каде да ги раселат Палестинците од Газа

Во неколку соседни земји каде би имале „подобра иднина“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по средбата со Доналд Трамп, вчера во Белата куќа,  рече дека САД и Израел, заедно со други земји, ја разгледуваат можноста за преместување на Палестинците од Газа во соседните земји за да им се обезбеди „подобра иднина“.

Тој рече дека оние што сакаат да останат можат да останат, но оние што сакаат да заминат треба да ја имаат таа опција.

„Мислам дека сме блиску до наоѓање неколку земји“, рече Нетанјаху, без да прецизира кои земји би биле подготвени да ги прифатат Палестинците. Трамп потврди дека САД соработуваат со соседите на Израел по ова прашање, истакнувајќи дека тие покажуваат соработка.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top