Македонија

„Сè е подобро од статус-кво“: Димитров за евроинтеграцијата на Македонија

За бившиот министер за надворешни работи, прифатливо е сè што барем малку ќе ја придвижи државата кон Унијата

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров ги коментира последните раздвижувања околу членството на Македонија во Европската унија.

„Нашата перспектива за ваквите идеи, по сите овие години како земја кандидат, колку сме направиле, за 21 година? Мислам дека каков и да е конкретен чекор кон ЕУ е подобар од статус-кво. Сè што би ни дало пристап, особено до кохезиони фондови, до некаква секторска интеграција, сè е подобро од статус-кво“, изјави Димитров во „Топ тема“ на ТВ Телма во врска со идеите за членство без право на вето.

Најнови вести од: Македонија

Пуштена е во употреба новата детска градинка „Пролет“

Секогаш кога пуштаме еден ваков објект во функција, јас сум посебно задоволен и среќен, бидејќи на овој начин ќе го подобриме квалитетот на живот на многумина, се разбира најмногу на најмладите, на дечињата. Впрочем, намената на ваквите објекти е токму за нив, да почнат да другаруваат уште од најрани години, да стекнуваат знаења, пријателства, да се формираат како личности, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски при пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Трубарево.

Муцунски: Патот кон ЕУ мора да се темели на заслуги, не на билатерални прашања!

Македонија е подготвена да продолжи по европскиот пат, но очекуваме јасни гаранции дека процесот ќе се одвива без нови блокади и со поголема предвидливост, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со литванскиот колега, Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјата. На прашањето како го коментира тоа што министерот Будрис изјави дека сега е моментот за проширување и треба да се искористи, Муцунски оцени дека постои широка поддршка од земјите-членки за напредокот на Македонија, но дека се неопходни јасни уверувања за непречено одвивање на евроинтегративниот процес.

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

To top