Македонија

Али, Венко, Зоки – нема потреба од драматизација и паника, порачуваат од ЗНАМ

Без разлика колку ќе се препелкате со соопштенија, обвинувања и конструкции – правдата сигурно ќе ве стигне. Исходот сите го знаете. На крајот, правдата секогаш наоѓа пат…“, порачуваат од партијата на Максим Димитриевски

 

„Кога министерот за правда, Игор Филков, бара одговорност со име и презиме, не станува збор за мешање во правосудството, туку обид да се врати довербата што беше разнишана во годините кога СДСМ и ДУИ создаваа механизми на селективна правда, кога институциите беа алатки на партиски интереси, а не на граѓаните.

Принципиелноста и владеењето на правото не се само апстрактни идеали, тие се темелот врз кој е изградено Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, темелот врз кој стои целата наша политичка борба. Ниту денес, ниту утре, нема да отстапиме од тие идеали, велат од ЗНАМ како реакција на соопштенијата на СДСМ и ДУИ.

Од ЗНАМ велат дека кога СДСМ се дрзнува да зборува за „сценарија“ и „дилови“, тие всушност се обидуваат да избегаат од сопственото политичко минато. Лесно е да се фрли сомнеж, но тешко е да се одговори за сопствените одлуки.

„Велат дека постои сценарио за враќање на Груби и некаков договор меѓу други политички субјекти. Но ако во оваа држава некој има историја на политички сценарија, договори зад затворени врати и обиди за контролирани враќања – тоа е токму коалицијата СДСМ/ДУИ.

Да се потсетиме: бегството на Никола Груевски се случи во време кога СДСМ/ДУИ ја водеа Владата. Институциите беа под нивна надлежност. Системот беше под нивна одговорност.

Токму во нивниот мандат почнаа и разговорите за можни „решенија“, за начини на негово враќање, за политички формули со кои ќе се затвори едно прашање што тежеше врз системот.

Нивното владеење се одбележа и со укинување на член 353 од Кривичниот законик, под изговор на усогласување и реформи, клучната одредба за гонење злоупотреба на службена положба, интервенција директно под покровителство на СДСМ/ДУИ, со која се релативизираше одговорноста на функционери.

Со едно гласање се затворија или се доведоа до застарување повеќе предмети, спроведоа одлука со длабоки последици, направија амнестија спакувана како европска реформа“ се вели во соопштението на ЗНАМ..

„Кога зборуваат за морал и правда, нека одговорат и за скандалот со вакцините – за доцнењата, за сомнителните договори, за посредниците и милионските обврски во време кога граѓаните се бореа за здравје и живот. Нека одговорат за аферата со марихуаната, каде што лиценци се делеа во сенка на политички врски.

Нека одговорат за ТЕЦ Неготино, за притворите и сомнежите за штетни договори. Нека одговорат и зошто во кривичната пријава против Артан Груби се споменува и поранешниот премиер и тогашен претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски?! Дали можеби токму таму лежи вистинската причина за нервозата што ја гледаме?!- прашувваат од ЗНАМ и додаваат:

„Поранешниот вицепремиер Артан Груби беше главниот благајник на коалицијата СДСМ–ДУИ, човек преку кого поминуваа кадровските поделби, крупните инфраструктурни договори и политичките компромиси. Во негово време и директно под негова контрола се туркаше договорот со Бехтел и Енка за Коридор 8 со специјален закон и авансни исплати, што
отвори сериозни сомнежи за провизии и нетранспарентност. Лице осомничено за проневера од над осум милиони евра во случајот со Државна лотарија.

И кога се отвора прашањето за негово расчистување, наместо со факти, раководството на ДУИ одговара со драматизација, но во суштина стравуваат од целосно и неселективно расчистување.

Од една страна, разбирлива е чувствителноста и нервозата кога станува збор за поранешни високи функционери што со години биле во самиот врв на одлучувањето.

Главниот оперативец на коалицијата СДСМ/ДУИ, Груби, е жива архива на политички и финансиски шеми што долго беа скриени од јавноста.

Дали ДУИ се загрижени дека доколку Груби проговори ќе се отвори пандорината кутија?
Дали стравуваат дека тој може да стане заштитен сведок и да ги открие сите шеми, договори и улоги што го одржуваа нивниот систем на моќ?

Затоа инсистираме, институциите мораат да ја завршат својата работа темелно, транспарентно и без селекција. Правдата не смее да биде алатка на партиите, ниту законите да се кршат за политички потреби. Ако некој мисли дека може да создава магла и сцени пред да се појават фактите, тогаш не го разбира времето во кое живееме. Времето на тајни договори, контролирани институции и политички заштити заврши“!- се вели во соопштението.

 

Најнови вести од: Македонија

Претставникот на Орбан, Жолт Бунфорт: Македонија 20 години неправедно „седи на оградата“ на ЕУ, тоа е пародија!

Ако процесот се базира на мерит-систем, Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Нагласува дека Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно да се забрза пристапувањето во ЕУ.

(Фото): Како до сериозен развој на туризмот и рамномерниот регионален развој во сите делови од Македонија?!

Во Берово посебен акцент беше ставен на проектот „Нискојаглеродна InFinity патека“, финансиран во рамки на првиот повик од ИПА III Програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) Бугарија – Македонија, во рамки на Приоритет 3 „Интегриран развој на пограничниот регион“. Проектот има за цел зајакнување на туристичката понуда и ревитализација на регионот.

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го „испере“ Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, никој не е над законот!

„Завршија времињата кога од позиција на власт се нарачуваа пресуди, се вршеа притисоци врз обвинители и судии, и се замолчуваа оние што поставуваа прашања. Денес институциите мора да работат по закон, а не по телефон. Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината.“ – реагира пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски, откако експремиерот Зоран Заев поднесе тужба против него и Жан Митрев, поради „клевета и нарушен углед“.

(Фото): Најмногу се купува облека преку интернет, а картичката најмалку се троши за електроника

Македонските граѓани кои купуваат преку интернет најчесто нарачуваат облека и плаќаат интернет и мобилни услуги, додека интересот за храна, електроника и апарати за домаќинство останува низок. Ова го покажува најновиот преглед на е-трговијата во Западен Балкан за 2025 година, изработен од Асоцијација за е-трговија, во кој се прави споредба со податоците на Евростат за првото тримесечје од 2024 година.

Експремиерот Заев ги тужи Петрушевски и Митрев за „клевета и нарушување на чест и углед“ и бара пари, кои ќе ги дава за хуманитарни цели!

Заев, експремиер и вмешан во мега аферата со рекет со Филипче за Болницата на Жан Митрев – за што Јавното обвинителство има отворено истрага, се јави преку фејсбук од Дубаи и соопшти дека поднел тужби (не тој туку адвокатот Горан Заев, Зоран не е во МК) за „клевета и нарушување на чест и углед“ против Бране Петрушевски и Жан Митрев. Тужбите се поднесени од Горан, не од Зоран до Основен суд Струмица, а вредноста на секоја од нив изнесува 500.000 денари, објави „Курир“.

ВМРО ДПМНЕ: Дали стравува СДС од сведочењето и искази на Груби, што би можеле да допрат до нивни поранешни високи функционери?!

„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение

Промоција на монографијата „Мојот пат“ – културен настан посветен на Антон (Тони) Баталаковски

На 3 март 2026 година (вторник), со почеток во 19:00 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи промоција на монографијата „Мојот пат“, посветена на животот и професионалниот опус на Антон (Тони) Баталаковски – еден од позначајните личности во историјата на македонскиот балет.

Најнови вести

To top