Македонија

Пратениците дадоа „зелено светло“ за намалување на функционерските плати, нема да се зголемат за 200 евра

Пратениците дадоа светло по скратена постапка да се носат пакетот законски измени за пресметка на платите на избрани и именувани лица, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Но, Здружението на обвинители и судиите бараат од народните избраници да се повлече од дневен ред законската корекција со која се предлага измена на коефициентите.

Пратениците во македонското Собрание ја изгласаа потребата од носење на законски измени за намалување на функционерските плати до 13.000 денари преку намалување на коефициентите за пресметка на платите, но не ги поддржаа измените на Законот за минимална плата со кои се бараше зголемување на минималната плата на 600 евра.

Со законските измени нема да има ниту намалување ниту зголемување на нивните плати. Платите на пратениците и на сите овие функционери, именувани и избрани лица се усогласуваат во февруари. Почетната основа е просечната бруто-плата во претходната година. Таа во 2025 година била 67.951 денари, а во 2024 година била 61.984 денари. Потоа, платите се множат со соодветни коефициенти, кои сега со законските измени се менуваат. Пресметките покажуваат дека со изменетите коефициенти, износите за платите остануваат речиси идентични (со отстапки од по десетици или стотина денари).

Пратениците дадоа зелено светло за намалување на функционерските плати. Шесте закони со кои примањата на избраните и именуваните лица ќе се скратат од 10 до 13 илјади денари по скратена постапка го поминаа првиот филтер, а вечерва се очекува и конечно гласање. Со пониски плати ќе останат пратениците, судиите, обвинителите, директорите и градоначалниците.

И покрај намалениот коефициент, поради повисоката просечна плата, дел од министрите ќе добиваат и нешто повисоки примања, околу 122 илјади денари, наместо досегашните 118. Функционерските плати пред неколку години пораснаа за 78 проценти по укинувањето на замрзнатиот коефициент, што тогаш предизвика силни реакции во јавноста.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top