Регион

Српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ е во критична состојба

Неговата состојба нагло се влошила во последните часови

Српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ, кој е претседател на Социјалистичката партија на Србија и актуелен министер за внатрешни работи, е во критична здравствена состојба.

Дачиќ вечерва е итно примен во болница, каде што е ставен на медицински апарати, пренесуваат српските медиуми.

Според информациите, неговата состојба нагло се влошила во изминатите неколку дена, а особено во последните часови. Како што објавува српскиот медиум Информер, на Дачиќ му била дијагностицирана билатерална пневмонија, по што здравствената состојба дополнително се комплицирала.

Според дел од српските медиуми неговиот живот е во опасност.

Дачиќ кој е роден во 1965 година со години се соочува со дијабетес и други придружни здравствени проблеми, што дополнително ја отежнува актуелната состојба.

Тој денеска не присуствуваше на комеморацијата за поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор на СР Југославија во ОН, Владислав Јовановиќ.

„Жал ми е што Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, не е присутен тука од технички причини“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според истите извори, Вучиќ лично реагирал кога ја забележал сериозноста на состојбата и го однел Дачиќ во болница. Поради здравствените проблеми, тој го откажал и планираното патување во Казахстан, каде што требало да биде дел од државната делегација предводена од претседателот.

Најнови вести од: Регион

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top