Македонија

Гаши: Политиката да не се меша во судството – нема коментар за Груби

Гаши, како што истакна, не смета дека враќањето на Груби е политичка одлука.

facebook.com/AfrimGashiAlternAtivA

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска изјави дека политиката не треба да се меша во работата на судството и дека, како прв човек на законодавниот дом, нема да коментира за враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби од ДУИ, кој е осомничен за злоупотреби. Гаши нагласи дека не сака да се меша во политички одлуки што би можеле да влијаат врз опозициските партии или коалицијата „Вреди“, но ја повтори својата принципиелна порака за независност на институциите.

„Собранието и јас како негов претседател не е добро да коментирам политички одлуки, но она што сум го изјавил јавно и што е принципиелно и можам да го повторам е тоа дека е крајно време да престанеме да се мешаме во судството. Таа перцепција кај граѓаните дека има некаков договор остава лошо чувство кај сите граѓани, така што мојата порака би била, конечно, секоја институција да си ја врши својата работа, во овој дел судството и Обвинителството. Има процес, нека си ја вршат својата работа совесно и професионално. Тоа ќе биде доволно сите граѓани да бидат задоволени. На крајот на краиштата, битна е правдата“, изјави Гаши.

Тој додаде дека не мисли оти враќањето на Груби е политичка одлука и дека нема никакви информации за тоа: „Немам никакви информации, не можам да тврдам нешто што не го знам“.

Најнови вести од: Македонија

Поранешниот градоначалник на Струмица „заработи“ кривична пријава, поради сомнеж за злоупотреба на овластувањата – потпишал изградба на дивоградба!

Поднесена е кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“

Приведени седуммина за обидот за палење на синагогата на Еврејската заедница во Скопје, одреден притвор за двајца поради сомнеж за „тероризам“

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 5 часот изутрината. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност. Беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

Седумина приведени за тероризам поради обидот за палење на објект на Еврејската заедница

Веднаш по пријавата, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, презеде интензивни оперативни мерки.

Најнови вести

To top