Македонија

(Фото): ​Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода, училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и МЦГО

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

Општина Кисела Вода и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ официјално потпишаа меморандум за соработка со Македонскиот центар за граѓанско образование, со што се приклучуваат кон реализацијата на значајни активности за поголема безбедност и поддршка на младите. Документот го потпишаа градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, директорот на училиштето Горанчо Јакимов и извршниот директор на МЦГО, Бесник Рамадани.

Оваа соработка е дел од двегодишниот проект „Од свест до акција: Унапредување на спречувањето и борбата против насилниот екстремизам во заедницата во Македонија“, поддржан од Фондот за глобално ангажирање на заедницата и отпорност, а кој МЦГО го спроведува во конзорциум со организациите „Лоја“ од Тетово и „ЦИД“ од Куманово.

Соработката со Општина Кисела Вода ќе се фокусира на практично зајакнување на локалните совети за превенција. Преку нив, ќе се воспостави функционален систем за рано препознавање и навремена заштита на младите, користејќи ги веќе постоечките општински ресурси.

Во образовниот сегмент, преку оваа соработка во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ од април започнуваат низа активности. Учениците ќе поминат обуки за медиумска писменост и поголема безбедност на интернет, ќе реализираат сопствени младински иницијативи и ќе учествуваат во „Отворен ден за пријателство и почит“. Проектот ќе биде придружен и со соодветна медиумска кампања на социјалните мрежи, насочена кон промоција на вредностите на проектот и заштитните механизми во заедницата.

  • Оваа соработка е важна за нашата локална заедница бидејќи превентивната работа во училиштата и меѓуинституционалното поврзување придонесуваат кон правилно воспитување на младите. Преку вакви партнерства, како општина добиваме дополнителни механизми кои помагаат во препознавање на одредени ризици и во градењето на здраво општество базирано на меѓусебна почит и разбирање-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Овој проект истовремено се спроведува во шест општини: Кисела Вода, Аеродром, Велес, Тетово, Куманово и Липково.

Најнови вести од: Македонија

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

Македонија без роаминг во земјите од ЕУ – реалност или надеж?!

Европската Унија е чекор поблиску кон олеснување на мобилната комуникација за граѓаните на Западен Балкан. Европската комисија најави дека ќе побара од Советот на ЕУ зелено светло за старт на преговори со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, со цел укинување на роаминг-надоместоците при патувања во Унијата.

Најнови вести

To top