Македонија

Приговори до Кривичен за „Сејф сити“: Најмногу жалби од лизинг компании и оние кои продале половно возило

Статистика на судот

Лизинг компаниите и оние кои продале половни автомобили, а не ги одјавиле во МВР, најмногу се жалат пред Кривичниот суд поради казни стигнати од Сејф сити. А најчестите причини се поминување на црвено, неприспособена брзина и управување на неригистрирани возила. Од скопска единица информираат дека во текот на февруари, првиот месец кога почна целосно да функционира овој систем, поднесени биле 476 приговори, од кои 431 од правни лица и 45 од физички. По нив постапуваат 16 судии од одделот за прекрошци при Основниот кривичен суд.

-Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица – лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговорите од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но истите не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози, велат од Кривичен.

Оние кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок своето законско право да поднесат приговор до надлежниот суд, го извршиле во законски предвидениот рок и по нивните жалби постапуваат судиите. Правосилна судска одлука се уште не е донесена.

-Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно одредбите Законот за прекршоци, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.Па заради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Safe City“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор, велат од Кривичен.

Инаку, системот Безбеден град почнува да ги дава своите позитивни резултати, 24 февруари беше првото деноноќие каде ниту еден возач не поминал на црвено светло, барем таму каде што следи будното око на Сејф сити. Но, додека дисциплината расте пред семафорите, другите прекршоци остануваат проблем. Полицијата секојдневно информира дека се ловат во просек петнаесетина возачи без возачка дозвола, со изрезена забрана за управување возило или во алкохолизирана состојба.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

To top