Хроника

Ученик од 4-то одделение дошол во училиште со нож!

Истото дете, досега неколку пати покажало агресивно и насилно однесување кон соученици

 

Дете од четврто одделение во ОУ „Киро Глигоров“ во Општина Центар, извадило нож од училишниот ранец, во училница, меѓу другарчињата. Истото дете, досега неколку пати покажало агресивно и насилно однесување кон соученици. Состојбата со носење на нож во училиште, не е единствениот случај кој е поврзан со него. Минатата година нападнал и другарче од одделението кое е со посебни потреби. Во досегашните напади употребил ножици, информираат родители кои ја контактираа редакцијата на Курир.

По инцидентот со ножот, била контактирана неговата мајка, која потпишала изјава дека таа го ставила ножот во ранецот на нејзиното дете, по грешка откако правела појадок. Родителите на неговите соученици досега безброј пати покажале разбирање, но по овој случај велат дека “алармот“ мора да остане вклучен.

Како што велат од училиштето, стручните служби работат со ова дете веќе 4 години, но останува отворено прашањето каков напредок е постигнат кога неговото однесување останува исто, а состојбата се влошува, дознава Курир..

Во повеќе одделенија во ООУ „Киро Глигоров“ се бараат вонредни родителски средби, но родителите кои ја контактираа редакцијата на КУРИР обвинуваат дека од страна на директорката е вршен притисок до наставниците да го смират случајот, родителите да престанат да пријавуваат, а родителите на насилното дете да останат заштитени.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top