Македонија

Чаир добива уште еден базен вреден милион евра

Визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти

Со средства од околу еден милион евра, на територијата на општина Чаир се гради модерен базен – втор по ред во оваа скопска општина.

Новиот објект ќе им овозможи на младите, како и на целата локална заедница, пристап до современи услови за учење пливање, спортски натпревари и развој на пливачките вештини, објавија од ВРЕДИ..

„Ова е „ВРЕДИ“. Ова е визијата на Изет Меџити, кој го трансформира Чаир со големи проекти.
Базенот со должина од 25 метри, ширина од 8,80 метри и длабочина погодна за учење и тренинг ќе создаде нови можности за развој на спортот и младите таленти.

Таму ќе се обучуваат нови тренери и спасувачи, додека ќе се организираат натпревари и спортски активности што го креваат спортот на друго ниво. Овој објект поставува нов стандард, бидејќи означува изградба на инфраструктура што произведува дисциплина, здравје и успех. Со „Вреди“, Чаир продолжува со работа, развој и проекти што оставаат белег кај младите луѓе и во целото општество, велат од партијата.

Додаваат дека станува збор за модерни услови кои ќе им овозможат на учениците да учат, се натпреваруваат и да се развиваат во спортот.

Најнови вести од: Македонија

Завршни зборови во морбидниот случај за убиството и касапењето на телото на 79-годишна жена од Штип

Ги сакал жените и никогаш не би кренал рака на нив -со овие зборови обвинетиот Денис Асанов, во јавноста познат како „касапот од ШТИП„ поради убиството на 79 годишната Борјанка Николова, што се случи лани во ноември, ја негираше својата вина во завршните зборови пред основниот суд во Велес. Обвинителството, пак посочувајќи на бруталноста на […]

To top