Македонија

Во Струга повторно може да се користи водата за пиење

Укината речиси едномесечната забрана поради зголемената матност на водата од изворот Шум

Струшкото јавно претпријатие „Водовод и канализација“ попладнево соопшти дека забраната за употреба на водата за пиење од градскиот водовод е укината, а информацијата ја потврди и Општина Струга.

Одлуката е донесена врз основа на анализите на примероците од водата од изворот Шум направени во последните денови.

„Според најновите анализи на Центарот за јавно здравје – Охрид, извршени на примероци од водата во водоводниот систем на градот, водата во Струга е безбедна за пиење“, соопштија од Општината.

Анализите на Центарот за јавно здравје – Охрид од денешните мостри земени од изворот Шум и од неколку мерни места во градот покажуваат дека матноста е во дозволените граници – 1,11 на извориштето и околу 0,80 во градската мрежа, а максимално дозволената вредност е 1,5.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top