Спорт

Елмас погоди за Наполи по 832 дена! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец придонесе за победата од 2:1 над Торино во Неапол во Серија А

Елиф Елмас долго чекаше за да го скрши мразот во дресот на Наполи, погодувајќи по 832 дена во победата од 2:1 над Торино во Неапол во 28. коло од италијанската Серија А.

„Македонскиот дијамант“ зголеми на 2:0 во 68. минута од мечот на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со својот првенец сезонава, во која има и три асистенции.

Последен пат 26-годишниот играч за врска на репрезентацијата на Македонија се запиша во листата на стрелците за „наполитанците“ на 25 ноември 2023 година против Аталанта во Бергамо, кадешто неговиот тим исто така славеше со 2:1.

Голот на Елмас против својот поранешен клуб на линкот.

Најнови вести од: Спорт

Инциденти на мечот Шкендија – Пелистер: Фрлен скалпел кон судиите, четвртиот судија погоден со паричка и запалка

Фудбалската федерација на Македонија соопшти дека согласно официјалниот судиски извештај од натпреварот од 20. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Пелистер, биле евидентирани повеќе сериозни безбедносни инциденти. Во 57. минута, при прекин на играта поради измена на играчи, од трибините биле фрлани предмети кон техничкиот простор. Четвртиот судија бил погоден со паричка […]

To top