Хроника

Женска групна тепачка во Скопје

Необичен инцидент се случил во Скопје во пресрет на 8 Март

Необичен инцидент се случил во Скопје во пресрет на 8 Март, кога неколку жени влегле во физичка пресметка.

Според информациите, на 6 март околу 20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир поради тепачка во која учествувале шест жени. Станува збор за лица на возраст од околу 30 до 85 години.

По пријавата, случајот бил евидентиран од полицијата, а се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Од надлежните институции информираат дека по документирање на настанот ќе следуваат соодветни поднесоци против учесничките во инцидентот.

Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top