Македонија

Николоски: Како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за „мигранти за пари“

СДСМ се залетаа во празно

Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за „мигранти за пари“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски, откако британскиот амбасадор во земјава, Метју Лосон, денес изјави дека британската влада ниту преговарала, ниту има намера да наметнува решенија што би биле неприфатливи за македонската влада.

„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите брза пруга Табановце-Куманово-Скопје-Велес-Гевгелија-Солун, болници во Штип, Тетово, Кичево, соработка во одбраната и сајбер-просторот“, напиша Николоски.

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top