Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

СДСM и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните, Велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, речиси 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата,  претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.

СДС и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага. Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото.  Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси“, це вели , меѓу другото во партиското соопштение..

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, годинава ќе сме блиску до четири милиони патници, рече Николоски

Во периодот кога била избрана актуелната Влада, двата аеродрома годишно опслужувале околу два милиони патници, додека годинава се очекува бројката да надмине или да се приближи до четири милиони патници.

Законите важат за сите, велат од Влада за апсењето на возачот на Генералниот секретаријат

Затекнувањето на осомничениот се случило на 4 септември 2026 година, во моментот кога му биле предавани 500 евра со претходно обележани банкноти. Оваа сума била дел од вкупно побараната награда од 1.500 евра.

Бујар Османи се посрамоти: Дешира Ахмети-Крлиу пееше заедно со Карерас, а Османи рече дека немало Албанец на сцената

Дешира Ахмети-Крлиу не беше само формално ставена на списокот на учесници. Таа настапи како една од оперските солистки, а на крајот од спектаклот се појави на сцената заедно со Карерас и со останатите македонски изведувачи во заедничката изведба на „Едно име имаме“. Снимките и извештаите од настанот го потврдуваат нејзиното учество.

To top