Македонија

Лажна дојава за бомба во училиште во Кочани

По проверката од страна на надлежни слуби од МВР, наставата и останатите активности продолжија непречено

Дојава за наводно поставена бомба доби Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани.

„Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето“, информираа од училиштето.

По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект.

„Наставата и останатите активности продолжуваат непречено, согласно вообичаената динамика“, стои во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

To top