Регион

Вучиќ и Рама заеднички бараат влез во ЕУ по пат на „делумна интеграција“ и без право на вето!

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама се огласија со заеднички предлог за забрзана интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, но според модел што не нуди веднаш целосни членски права. Во заедничка колумна, објавена во германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, двајцата предлагаат постепено вклучување во единствениот европски пазар и во Шенген како меѓучекор до полноправно членство. Остануваат дилемите колку „делумната интеграција“ е промислен чекор кон ЕУ, или е избрзано прифаќање „членство од втор ред“ за земјите што со години, па и децении чекаат интегрирање во „европското семејство“ но преку полноправно членство. Македонија е веќе 21 година кандидатка за влез во ЕУ.

Планот на Рама и Вучиќ е новите земји да добијат дел од придобивките од Унијата, но не и еврокомесар, пратеници во Европскиот парламент и право на вето. Со тоа, Вучиќ и Рама ѝ нудат на ЕУ модел на „делумна интеграција“, со кој кандидатите би се приближиле до европскиот систем без да влезат веднаш во целосната институционална архитектура на Унијата.

Двајцата лидери аргументираат дека ваквиот пристап би можел да го оживее замрзнатиот процес на проширување и да ја засили стабилноста на Западниот Балкан. Тие сметаат дека одложувањето на проширувањето додека ЕУ прво не ги среди своите внатрешни реформи го поткопува кредибилитетот на целиот процес и ја слабее реформската мотивација во регионот. Во нивната порака Западниот Балкан се претставува како нова геополитичка линија на која Унијата мора да инвестира ако сака да ја зачува сопствената сила.

Предлогот доаѓа во момент кога европскиот пат на двете држави е во различна фаза. Албанија веќе ги отвори сите шест кластери од пристапните преговори и надежно гледа кон 2027 година како можна цел за нивно заокружување. Србија еврокандидат од 2012 година, но преговорите ѝ се заглавени од и 2021 година. Главните забелешки кон Србија се поврзани со владеењето на правото, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и неусогласеноста со надворешната политика на ЕУ кон Русија.

Заедничката иницијатива на Вучиќ и Рама е нивно настојување да се убеди Брисел дека проширувањето може да се движи и без да се отвори веднаш целото прашање за институционалната рамнотежа во Унијата.

Најнови вести од: Регион

Дали Грција летово ќе зема биометриски податоци на граница?!

Грција ќе ја оценува состојбата и ќе ги презема соодветните мерки и за да го опслужува зголемениот број патници и да е во согласност со регулативата, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Васил Стерјовски: „Македонскиот е мојот мајчин јазик“

Иако зборува албански подобро од тужителот и адвокатите инсистирал дека македонскиот му е мајчин јазик и дека не ги разбира доволно правните термини на албански јазик, нагласувајќи дека обезбедувањето превод е неопходно за фер и правично судење

To top