Регион

Еди Рама: Лага е дека Албанија му продава земја на зетот на Трамп

Ги критикува публикациите, за кои рече дека лажно тврделе дека „Кушнерите го добиле островот, а Албанија го продаде“…Албанија стана платформа за сиот бес против Трамп во светот“, вели тој

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека протестите против планираното луксузно одморалиште на јадранскиот брег на земјата се засновани на дезинформации, јави ДПА.

Тој ги отфрли тврдењата дека зачуваната област се продава на инвеститори поврзани со семејството на американскиот претседател Доналд Трамп.

Фактите покажуваат дека нема договор за островот Сазан“, нагласи Рама. „Сето тоа се лаги“.

Тој посочи дека неговата влада сè уште преговара за заеднички деловен потфат за изградба на првото луксузно одморалиште во Албанија на островот Сазан и потврди дека Џаред Кушнер, зетот на Трамп, е меѓу групата потенцијални инвеститори.

Сепак, Рама силно ги критикуваше публикациите, за кои рече дека лажно тврделе дека „Кушнерите го добиле островот, а Албанија го продаде“.

„Албанија стана платформа за сиот бес против Трамп во светот“, посочи тој.

На Иванка Трамп не ѝ даваат да гради туристички комплекс во Албанија (ВИДЕО)

Оваа балканска земја, која бара членство во Европската унија, со недели протестира против инвестициските планови. Илјадници луѓе демонстрираа во главниот град Тирана, со судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Покрај островот Сазан, проектите вклучуваат и приватни инвестиции на мал полуостров во близина на градот Звернец, чии дини ја делат лагуната Нарта од Јадранското Море. Областа е заштитено подрачје и живеалиште за многу видови птици и животни.

Рама рече дека прелиминарните истражувачки активности на локацијата биле привремено прекинати поради „притисок“, но додаде дека проектот на крајот ќе продолжи.

Премиерот нагласи дека се уште не се поднесени барања за градба ниту за Сазан, ниту за Звернец. Тој посочи дека ќе се вршат проценки на влијанието врз животната средина.

Според владата, ограничен и еколошки развој е дозволен во двете области.

Еколошките здруженија ги критикуваа амандманите на законот за заштитени подрачја на Албанија усвоени во 2024 година. Владата ги опиша промените како појаснување на режимот за заштита за овие области, но Европската унија рече дека амандманите ја ослабуваат заштитата на животната средина.

Рама ја отфрли оваа оценка.

Тој изјави дека „нема шанси“ земја кандидат за ЕУ ​​како Албанија да спроведе проект што не е „целосно усогласен“ со критериумите на Европската унија за оцена на влијанието врз животната средина.

Најнови вести од: Регион

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел порака: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на Урсула фон дер Лаен , заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“ во својата анализа со наслов „Западниот Балкан надежно ги застапува своите ставови“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека „ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина“!

Атина и Софија потпишаа Меморандум за враќање на 48 реликвии во Грција и пренесување на останките на цар Самоил во Бугарија

Меморандум за разбирање со кој во Грција се враќаат 48 реликвии од два грчки манастири и од една црква што над 100 години биле изложени во Националниот историски музеј во Софија, а Грција ќе ѝ ги предаде на Бугарија останките на цар Самоил, потпишале денеска министрите за култура на двете земји, Лина Мендони и Евтим Милошев, јави дописничката на МИА од Атина.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: Нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир, што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“. Тој истакна дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество, која треба да се зачува и да им се пренесе на идните генерации.

Најнови вести

To top