Регион

Бугарија во потрага по земјата која им ја блокира бугарската монета од 2 евра

Досега, Бугарија постојано го користеше неутралниот термин „кирилица“ во својата официјална комуникација со ЕУ, во проектите за евромонети и во меѓународните документи, но ненадејното нагласување на покатегоричниoт термин „бугарска азбука“

 

Една земја-членка на ЕУ поднесе формален приговор на предложениот дизајн на првата комеморативна монета од две евра во Бугарија, планирана за издавање во 2026 година.

Советот на ЕУ одбива да открие која земја ја поднела жалбата или да ги објави причините за неа. Единственото официјално објаснување е дека ова е „многу чувствителен процес на донесување одлуки“ и дека откривањето на деталите би можело да влијае на постапката.

Бугарија предложи нејзината прва комеморативна монета од две евра да биде посветена на „бугарската азбука“, со што се нагласува историската улога на кирилицата како дел од културното наследство на Бугарија. Оваа формулација, според написите во некои европски медиуми, може да биде причина за приговорот.

Веќе се појавија шпекулации дека исклучително сложените односи меѓу Република Македонија и Бугарија се во срцето на блокадата.

Бугарски „Сега“ објасниува дека „Монетата е замислена како почит кон кирилицата, која се развила во Првото бугарско кралство во 9-ти и 10-ти век(!?)

Бугарија долго време се претставува како главна лулка на писмото, кое подоцна се проширила низ целиот словенски свет и сè уште се користи денес во земји како Русија, Србија, Украина и Бугарија“, вели веб-страницата EUalive, која прва ја објави веста, пишува порталот.

Сепак, терминот „бугарска азбука“ е политички и историски чувствителен на Балканот, констатираат од „сега“.

Македонија тврди дека има значајно културно наследство поврзано со Охридската книжевна школа и ги гледа тврдењата за ексклузивна бугарска сопственост на оваа традиција како дел од пошироките спорови за идентитетот. Слични тензии се појавија во 2017 година, кога руските претставници наводно ја намалиле улогата на Бугарија, предизвикувајќи негодување во Софија.

Идентитетот на земјата што се спротивставува останува официјално непознат, но аналитичарите и онлајн дискусиите го насочија вниманието првенствено кон Словачка.

Набљудувачот на Балканот, Рајнер Јаарсма, забележува дека се преклопува меѓу позициите на Словачка и руските интереси за културните и историските прашања.

Словачка веќе издаде свои евро монети со ликот на Светите Кирил и Методиј, а некои набљудувачи велат дека приговорот ги одразува наративите за словенското наследство кои се слични на оние што ги промовира Кремљ.

Други земји од еврозоната се споменати на онлајн форумите, вклучувајќи ги Хрватска и Грција, но Словачка останува главен „осомничен“.

Случајот покажува како дури и нумизматичките одлуки можат да станат арена за подлабоки регионални и геополитички контроверзии.

Досега, Бугарија постојано го користеше неутралниот термин „кирилица“ во својата официјална комуникација со ЕУ, во проектите за евромонети и во меѓународните документи.

Ненадејното нагласување на покатегоричниoт термин „бугарска азбука“ за оваа комеморативна монета се чини дека ја предизвика сегашната контроверзност.

Најнови вести од: Регион

(Фото): Јотова пред Ѓуров до сега од вториот круг во Бугарија, излезеноста до 10:30 е само 3,3%

Според излезната анкета на Дневник.бг, Илијана Јотова има 56,8 проценти, а Андреј Ѓуров 37,6 проценти од гласовите во утринскиот пресек. Податоците се прелиминарни и не претставуваат официјални изборни резултати.

Две години од трагедијата во Нови Сад: Комеморација за 16-те жртви во Србија

Трагедијата од 1 ноември 2024 година предизвика масовни студентски и граѓански протести кои доведоа до големи политички промени и пад на режимот на Александар Вучиќ во Србија. Tрите правни постапки поврзани со несреќата сè уште чекаат разрешница

Можеби нема да учествуваме на претседателските избори, рече Вучиќ по поразот на изборите

Српската напредна партија беше создадена со одвојување од Српската радикална партија, осудениот на хашкиот суд Воислав Шешељ, и дојде на власт во 2012 година. Вучиќ беше премиер на Србија од април 2014 година до крајот на мај 2017 година, по што беше избран за претседател во два мандата.

To top