Македонија

Премиерот Мицкоски домаќин на ифтарска вечера

Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница“, истакна премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа беше домаќин на ифтарска вечера, која, како што се наведува во објавата на неговата страница на „Фејсбук“, е „организирана во име на Владата“.

На вечерата покрај Архиепископот Стефан, Реисот Шакир Фетаи, Бискупот Киро Стојанов, и претставници на Еврејската заедница и евнаглеско-методистичката црква, беше и претседателката Гордана Силјановска Давкова, како и Спикерот Африм Гаши.

Тука беа речиси сите министри во Владата, пратеници од владеачкото мнозинство, коалициони владини партнери.

Премиерот вели дека ова е „симбол на заедништвото и меѓусебната почит во државата“.

Тој оцени дека вечерта поминала „во топла атмосфера, исполнета со разговор и потврда на вредностите кои го поврзуваат македонското општество“.

„Почитта и соживотот се темел на нашето општество. Ваквите средби нè потсетуваат дека различностите се наша сила, а меѓусебната поддршка е патот кон посилна и пообединета заедница“, истакна Мицкоски.

Тој упати и честитка до сите верници кои го одбележуваат месецот на постот, посакувајќи им мир, здравје и благословени денови.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top