Македонија

Мицкоски: Ќе продолжиме против обидот за преименувуање на македонскиот идентитет и јазик

Сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси

Ние нема незрело и неодговорно да се однесуванме. Напротив, ќе продолжиме уште посилно и попосветено да работиме, ќе покажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и архитектите кои сакаат, не ќе можат да го попречат нашиот пат кон ЕУ,  порача денеска премиерот Христиј Мицкоски ден по гласањето во Европскиот парламет во кое беа „исфрлни“ македонскиот идентитет и јазик за Македдонија како сериозен кандидат за членка во ЕУ.

„Ова беше преседан, архитектура што се обидува да ја создаде една земја членка на ЕУ и тоа секако влијае врз имиџот на Унијата. Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик од некои европратеници кои со своето неодговорно однесување се обидоа да го додефинираат како „модерен“.

Тоа не успеа зашто мнозинството европратеници ја прочитаа немерата, но успеа бришењето од Извештајот на македонскиот идентитет и јазик, она што беше усвоено на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ). Многу е поважно што Европа, светот и македонските граѓани видоа дека Договорот од 2022 година, прифаќањето на тогашниот Предлог, не е само лесна промена и интервенција во Преамбулата и внесување на дел од бугарското малцинство, туку проблемот е многу посуштински, а тоа е негирање на идентитет и јазик на еден од најмалубројниоте народи во Европа од страна на Бугарија. Тоа за мене е чин без преседан и е се, само не е европска вредност.

Обидот беше целосно преименувуање на македонскиот идентитет и јазик а им благодарам на тие 120 и нешто што гласаа против и на оние поеќе од 100 што се воздржаа од гласање – рече Мицкоски на новинарско прашање по настанот посветен на 80-годишнината од формирањето на Републичкиот Црвен крст.

Тој останува на ставот дека сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси и нивното претставување надвор иако од СДСМ, како што истакна, тоа не го очекува.

„Владата има обврска и кон граѓаните, но и кон сите останати да продолжи уште послино и попосветено да работи на внатрешните реформи, а истовремено и надвор од државата да се обиде уште погласно да ги артикулира аргументите и да биде фокусирана целосно, додека не бидеме дел од европското семејство“, подвлече премиерот.

Најнови вести од: Македонија

Градоначалникот на Кичево Јовановски со новогодишна порака заеднички да се продолжи напред со многу позитивна енергија!

„За прв пат во Кичево новогодишната ноќ ја дочекавме заедно сплотени, насмеани и исполнети со надеж и покрај значително студеното време. Ова не беше само прослава, туку почеток на една нова традиција, која ќе ја негуваме и ќе ја правиме уште поголема и уште подобра, поорганизирана.“ – објави градоначалникот на Кичево Александар Јовановски на својот […]

До 5 јануари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети во државата.

To top