Свет

ЕУ со порака до Трамп: Не нè уценувајте. Ова не е наша војна

Евопа вчера му испрати јасна порака на американскиот претседател дека нема да учествува во обезбедувањето на Ормутскиот теснец

 

Министрите за надворешни работи од 27-те земји-членки се собраа во Брисел за да разговараат за повикот на американскиот претседател до европските земји да помогнат во обезбедувањето на клучниот воден пат, кој Иран го блокираше како одмазда за воздушните напади на САД и Израел.

По часови разговори зад затворени врати, европските дипломати ја отфрлија идејата за проширување на поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ и заклучија дека тоа е американски проблем што Вашингтон мора сам да го реши, пишува Политико.

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, по состанокот изјави дека иако постои „јасна желба“ за зајакнување на поморската мисија на ЕУ на Блискиот Исток, „нема волја за промена на мандатот“ за испраќање воени бродови во теснецот.

„Европа нема интерес за бесконечна војна. Ова не е европска војна, но европските интереси се директно загрозени“, рече Калас. „Земјите-членки не покажаа волја да го прошират мандатот на Ормутскиот теснец. Никој не сака активно да влезе во оваа војна“, повтори таа.

Трамп за „Фајненшл тајмс“ изјави за време на викендот дека би било „многу лошо за иднината на НАТО“ ако европските земји не одговорат на неговиот повик. Тој објави на социјалните мрежи дека е во контакт со седум земји во врска со обезбедувањето на теснецот, но не прецизираше кои.

Во понеделник, тој им рече на новинарите дека е уверен дека Франција ќе им помогне на Соединетите Американски Држави. „Мислам дека ќе им помогне. Разговарав со него вчера“, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на неговиот француски колега Емануел Макрон. Но, тој додаде дека „не е задоволен“ од одговорот на Обединетото Кралство и дека е „многу изненаден“ откако премиерот Кир Стармер рече дека нема да биде вовлечен во „поширока војна“ околу Иран.

Иако Трамп инсистираше дека Америка „не ѝ треба никој“ и дека е „најсилната нација во светот“, неговото барање беше тест за солидарност во време кога блокадата на теснецот од страна на Иран ги зголемува цените на нафтата. „Со години велам дека тие нема да бидат таму ако некогаш ни требаат“, рече американскиот претседател.

„Американците, заедно со Израелците, го избраа овој пат“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус, додавајќи дека главната одговорност на Германија е да ја брани територијата на НАТО. „Ние не ја започнавме оваа војна“, нагласи тој.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, ја отфрли идејата за вмешаност на Берлин во конфликтот: „НАТО е одбранбен сојуз, а не интервенционистички. Затоа НАТО воопшто нема место тука“, рече Мерц, додавајќи во очигледна критика кон Трамп: „Се надевам дека во рамките на Алијансата ќе се однесуваме едни кон други со должно почитување“.

Вицепремиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, беше уште поотворен, велејќи дека неговата земја нема да прифати „уцена“ од Вашингтон. „Не барајте од нас да испраќаме војници“, им рече Бетел на новинарите во Брисел.

Ормутскиот теснец, низ кој минува околу една петтина од светската нафта, останува практично затворен поради иранските закани, што ги искачи цените на нафтата над 100 долари за барел минатата недела.

Лидерите на ЕУ се состануваат на самит во четврток, а во првичниот нацрт-заклучоци што го виде Политико се вели дека тие ќе повикаат на „деескалација и максимална воздржаност“ во Иран и регионот како целина.

Најнови вести од: Свет

Трамп се закани дека ќе „разнесе“ иранско гасно поле, Иран најави одмазда врз постројките на соседите

Како резултат на заканите по енергетската инфраструктура на Блискиот Исток, цените на нафтата на светските пазари вчера повторно скокнаа, достигнувајќи 110 американски долари за барел

ЕНП бара итно сослушување на Марта Кос за соработката со југословенските тајни служби

Европската народна партија (ЕНП) побара вонреден состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) за да ја сослуша комесарката за проширување и соседска политика, Марта Кос.

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

To top